Луѓето се суштества кои се многу адаптивни. Тоа значи дека секогаш се спремни на промени (било на подобро или на полошо) и дека можат да работат на својот развој прилагодувајќи се речиси на секоја средина.

Исто така човекот е многу зависно суштество. Се раѓаме сами и сами заминуваме од овој свет, но без други суштества не можеме да опстоиме. Уште како новороденчиња потребно е некој да се грижи за нас, па после тоа полека почнуваме да се осамостојуваме и да стануваме изградени личности со свој карактер.

И така во круг. Кога ќе бидеме доволно самостојни пак ни треба некој да биде покрај нас, некој со кој ќе си ги задоволуваме основните животни потреби, споделувајќи ја радоста, тагата, болката… Почнуваме да градиме пријателства, некои ќе траат за цел живот, а некои завршуваат не баш славно што некогаш доведува и до разочарување и до уништување на довербата во другите.

За после тоа, да се појави некој кога најмалку се надеваме и да ни го докаже спротивното. Дека сепак постои вистинско пријателство кое е многу тешко да го изградиш, а потребна е само една секунда за да го срушиш. Бидете внимателни кого го нарекувате пријател, чувајте ги тие кои се покрај вас кога најмногу ви треба поддршка.

Луѓето кои се со вас и во добро и во лошо, кои ги споделуваат со вас нивните емоции, кои одвојуваат голем дел од нивното време за да го поминат со вас, оние со кои во секое време се чувствувате пријатно, оние кои ви ја знаат темната страна и пак ве сакаат, оние кои ги познавате и ве познаваат како вас самите, оние кои и да ги разбудите на полноќ со трчање би дошле кај вас, оние кои ви значат како да се дел од вашето семејство, затоа и што се, е тие да си ги чувате!

И покрај тоа што многупати сме се нашле во ситуација да бидеме изиграни од некого, излажани и изневерени, сепак сфаќаме дека ние сме биле тие кои тоа го дозволиле. Некогаш и другата страна на која сме ѝ дозволиле да не повреди е исто толку виновна колку нас, пак ние самите себе се обвинуваме, се преиспитуваме, ја анализираме ситуацијата одново и одново и сфаќаме дека ако сме постапеле поинаку, нештата немале да испаднат како што испаднале.

Колку пати се случило да си речете на себе си: „како што сам можам да се зафркнам, никој не може да ме зафркне“. И ова е потполно точно. Постојат многу работи за кои самите се залажуваме, си создаваме лажни надежи за на крај да испадне дека сме работеле против себе. Викаме „има време“, „од лошо, можеше да биде и полошо“, „не сум јас крив, времето е такво“ и слични изрази.

Да, времето е такво какво што е, но тоа секогаш не работи за нас, многупати испаднало дека е против нас и не гази! Секогаш сум во трка со него и секогаш ме победува. Запомнете дека денес треба да дејствувате, не чекајте подобри времиња или згодни прилики! Секогаш е згодна прилика ако знаете да ја искористите шансата. Секој нов ден е нова шанса за вас.

Да не патиме од самите себе, туку да работиме на себе и да бидеме личност која после десет години ќе ни биде благодарна на тоа што сме го постигнале. Не стојте, не патете и не чекајте згодни прилики! Креирајте нови патишта, движете се и живејте! До следно читање!

maxresdefault

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s