„Записите за Џозефина“ (70)

Секој чекор добро ѝ беше одмерен, секој чекор ја носеше поблиску онаму каде што требаше, онаму каде што припаѓаше. Секој збор добро ѝ беше смислен, секој збор го кажуваше секој збор како што сакаше да ѝ го кажуваат. Секој ден го почнуваше со позитивна мисла, секој ден беше нов предизвик за едно подобро утре за … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (70)

„Записите за Џозефина“ (69)

Сонуваше како трча боса низ ливада полна со цвеќиња, трчаше напред непогледнувајќи назад допирајќи ја недопрената природа. Прекрасен мирис се ширеше наоколу, Џозефина за момент престана да трча и скина едно цветче, се потсети дека кога беше мала од такви цветчиња правеше накит, па после тоа гордо го носеше додека не ѝ здосади. Тогаш почна … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (69)

Ти реков, ми рече (9) (За маглите и другите работи)

Мислите дека животот почна да ни се загрозува само поради загадениот воздух? Па драги мои сте се излажале затоа што душите на некои поединци се далеку позагадени од воздухов што го дишеме. Ако сте озрачени со нивниот отров што го испуштаат навистина е жално, спасувајте се навреме.. како знаете и умеете, ама во никој случај … Продолжи со читање Ти реков, ми рече (9) (За маглите и другите работи)

„Записите за Џозефина“ (68)

Беше како снег ладна, ама можеше лесно да се растопи и разнежни ако ја земеш во прегратка. Беше како пеперутка, леташе од место на место, ќе ти застанеше во рака, а после тоа одлетуваше без збогум ако не знаеше да ја зачуваш. Беше како омилена мелодија, сакаш да ја слушаш кога си среќен, нежно ти … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (68)

„Не е важно каде си, туку со кого си!“

Еј имам нешто важно да ви кажам! Не, не е нешто што не го знаете, ама да ве потсетам дека за некое време и ќе ја испратиме старата година и ќе ја пречекаме новата. Што е она што ме иритира многу овој период? Ако ги ставиме настрана различните видови храна кои се подготвуваат по повод … Продолжи со читање „Не е важно каде си, туку со кого си!“

Ти реков, ми рече (8)

Каде заминавме? Каде замина светот? Тука сме, во место стоиме и не мрдаме. Светот е само подложен на човечки експеримент за да се увериме дали може да се справи со сите човечки зла и злодела. Ама и нему ќе му здодее верувајте. Ќе му здодее и ќе не казни. Ќе не казни со најлош можен … Продолжи со читање Ти реков, ми рече (8)

Од самите себе си патиме!

Луѓето се суштества кои се многу адаптивни. Тоа значи дека секогаш се спремни на промени (било на подобро или на полошо) и дека можат да работат на својот развој прилагодувајќи се речиси на секоја средина. Исто така човекот е многу зависно суштество. Се раѓаме сами и сами заминуваме од овој свет, но без други суштества … Продолжи со читање Од самите себе си патиме!