black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Не се обидуваше да биде разбрана
затоа што ионака луѓето го разбираа
она само што им одговааше да го разберат.
Не се обидуваше да импресионира никого,
самата нејзина појава беше импресионирачка,
затоа што не патеше за ничие внимание.
Зрачејќи со позитивна енергија
како зараза го ширеше своето расположение
предизвикувајќи им насмевки на тие околу неа.
Разбирајќи ги другите во потполност
секогаш наоѓаше причина за нивните постапки,
дури и за оние негативините,
а тие бидуваа воодушевени од нејзината разумност.
Ја погаѓаа малограѓанштина и недозреаност,
злоба, омраза, оговарање и некултура.
Не можеше да се скрие во стаклено ѕвоно
и да биде глува за сите неправди наоколу,
но знаеше дека правдата секогаш стигнува,
порано или подоцна, сеедно.
Не можеш да ја повредиш
колку што таа може да глуми ладна,
не можеш да ја заборавиш
колку што таа може да заборави дека постоиш.
Не можеш да не ја сакаш,
колку што таа може да се прави рамнодушна.
Не можеш да ја игнорираш
колку што таа може да се прави дека не ја интересираш.
Не можеш да ѝ го поклониш сиот свет
ако претходно не си ѝ го поклонил својот,
не можеш да ја задржиш
ако не покажуваш причина за да остане.
Не можеш да најдеш како неа,
затоа што таа не е било која,
таа е Џозефина која е премногу своја.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s