Кој/а сум јас?

Си го имате поставено прашањево барем еднаш во животот? Одговорот би требало да е позитивен, посебно кога станува збор за нормална личност која успешно созреала. Се раѓаме како суштества кои немаат никакво животно искуство, реагираме преку инстинкти научувајќи ги основните функции за јадење и начинот како да дојдеме до храна, крајно сме зависни во секоја смисла од нашите родители, па со текот на времето како што растеме таа зависнот се намалува и доаѓаме до точка каде што веќе самите се грижиме за себе, сме станале независни скоро во секој поглед и сме добиле огромно животно исксутво. Тоа е кругот на животот. Едни се раѓаат, други умираат, а додека едните се раѓаат, а другите умираат во меѓувреме се случува процесот наречен живеење или суштествување во кој поголемиот дел од луѓето си го имаат поставено прашањето: „Кој/ сум јас?“ или „Што сакам да бидам? “Уште од мали нозе сме навикнати да правиме разлика помеѓу двата пола и да ги согледуваме различностите на спротивниот пол и сличностите со нашиот. Следува период на спознавање на своето тело, учење (не само во образовниот систем, туку и на стекнување морални вредности и начини на однесување), созревање и барање одговор на многу прашања и кога наеднаш се наоѓаме на еден крстопат за кој никој, никогаш не ни кажал или посебно не спремал. Крстопатот изобилува со повеќе патишта, а вие треба да се одлучите само за еден при што можно е да настанат некои внатрешни конфликти на самата личност или дополнителни несогласувања на пример со родителите ако и тие сакаат да бидат вмешани во вашата одлука при избирањето на патот. Никогаш не дозволувајте никој да ви се меша во вашиот избор, посебно кога се наоаѓате на крстопат, дозволете им да ви ги кажат нивните размислувања чисто да направите споредба и да бидете уште посигурни во вашата одлука, а не да биде обратно, да станете неодлучни, тоа не смеете да си го дозволите кога станува збор за многу важни избори.
За време на вашето суштествување минимум еднаш ќе си го поставите магичното прашање „Кој сум јас?“, а сигурно се појавува уште во раното детство кога го занемаруваме, за после тоа одговорот на ова прашање да го бараме подлабоко ринејќи во длабочините на нашите души, барајќи ја смислата на своето постоење, преиспитувајќи се, правејќи различни избори за кои сметаме дека се правите, се со цел за да дознаеме кои сме ние, кои сме биле, кои сакаме да бидеме и кои треба да бидеме.
Заглавени во сопствените емоции и преиспитувања, притисокот на средината, правилата и законите, постапките и нашето сопствено однесување честопати можеме да бидеме збунети и да се појави криза на идентитетот, но никогаш не треба да престанеме да бидеме подобри личности и да бидеме тоа што сме работејќи на самите себе (себеразвивање и унапредување) за да станеме комплетна индивидуа .
Одговорот е едноставен: Ти си тој што треба да бидеш. Не она што другите или општеството сакаат да бидеш. Биди тоа што мислиш дека СИ, а не затоа што некој сака така.
Ти си индивидуа со сопствен генетски код и никој на светов не може да биде како тебе, може само да наликува или да пробува да биде како тебе, но фактот што генетксиот код е универзален и непостојат две лица со ист таков зборува доволно за тоа дека ТИ СИ уникат. Биди свој, ничија копија, затоа што ти си ОРИГИНАЛ

who

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.