„Записите за Џозефина“ (66)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Ѝ го нудеа светот,
се обидуваа да ја купат
на ефтин начин,
незнаејќи дека целиот нејзин свет
беше во неговите очи,
а тој не ја купи
туку ја заслужи
подарувајќи ѝ  дел од себе.
Како сонот и јавето да си ги сменија местата
па напати помислуваше дека сè е само сон
од кој не сакаше никогаш да се разбуди.
Есента беше веќе длабоко населена,
а нејзе лето во душата,
како душата да ѝ беше заглавена
во тропски краишта,
дури и кога студот касаше надвор,
нејзе сонце ѝ грееше.
Неповторлива,
неуништлива,
непобедлива,
неуморна,
незапирлива,
негова.
Ѝ го нудеа целото време на светот,
но не знаеја дека
времето застанува кога беа еден до друг.
Движечка сила  која ја издигнуваше
и возвишуваше

и ја носеше во една друга димензија
која не можеше да се опише со ниеден збор.
По среќа – сите трагаме
таа ја препознаваше насекаде,
а најмногу од сè
сакаше да биде причина
за нечија среќа.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.