Молете се за спас, од самите нас!

download

Колку крв треба да се плати,
за човечкиот живот сериозно да се сфати?
Јад, болка и гнев се сејат,
а солзи по настраданите се лејат.
Човек кој е осуден на омраза,
и невиниот најскапо да плаќа,
а згаснатиот живот за жал никогаш не се враќа.
И светот во црнило се облече,
а не му е првпат,
светлата згаснаа,
а со нив и душите на жртвите.
И светот сега бара спас,
му доаѓа да викне на цел глас:
„Вие ме сочинувате и вие ме уништувате,
спасете се од самите вас“!
И светот е ова наше парче земја,
да го чуваме од лоши луѓе и злодела.
И сега кога светлата згаснаа,
да ги запалиме со човечка добрина,
да ги осветлиме срцата со хуманост и
и да го уништиме злото!
Невозможна мисија некој ќе каже,
но оптимизот и надежта
мора да бидат присутни,
никој нека не ве лаже!
За човекот најголем непријател другиот човек,
зошто да одлучуваме за згаснување на туѓ живот,
наместо за раѓање на нов?
За злото најголем непријател човечноста,
зошто да сееме злоба
кога можеме љубов?
Во најтешки мигови
пронајди причина за зрно светлост,
која ќе ти ја грее душата
потсетувајќи те дека
и во најстудената соба
постои можност да се загрееш.
И најсветлиот град кога ќе згасне,
ќе му требаат денови за повторно да засвети,
ама злобата и човечката лошотија
еднаш направени, никогаш не се бришат.
Гаснејќи ги светлата на туѓиот живот,
никогаш нема да можеш да си го осветлиш својот,
темнината ќе те прати до крајот на твојот.
Не пресудувај за друг,
немаш право на тоа!
Не гаси ги светлата
кои гореле најсилно,
немаш право на тоа!
Не ја земај туѓата слобода,
ќе станеш роб на својата!
Не одлучувај за злоба,
одлучи се мир!

Advertisements

2 comments

  1. Римата обично се користи за да биде песната разиграна и среќна.
    Ретко кога со римата се постигнува чувство на плач.
    Кога прочитав „Колку крв треба да се плати,/за човечкиот живот сериозно да се сфати?“ лелек ми изнуди…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.