images

Јад за љубов,
жед за среќа
и глад за мир.
Желба за здравје,
тежнение кон спокој,
посветеност кон цел,
љубов за цел живот,
среќа за сите сакани,
мир во целиот свет,
здравје за секого,
спокој за мртвите,
цел која чека да биде остварена,
живот за да го живееш.
И прогледуваш.
Вдишуваш со полни гради.
И продолжуваш.
Чекориш цврсто со силни чекори.
И се прашуваш.
Бараш одговори на секој можен начин.
И се бориш.
Непоколебливо стануваш силен.
Тоа ти преостанува.
И остануваш.
Каде што ти е најубаво и најтопло.
И оставаш траги.
Секаде кадешто ќе допреш.
И носиш спомени.
Кои ги криеш во твоите очи.
И носиш тага.
Која само јас можам да ја прочитам.
И носиш радост.
Која секогаш сакам да те прати.
И доаѓаш.
Носиш бура и торнадо од емоции.
Срцето забрзано ми лупа.
Го осеќам твојот парфем.
Посакувам вечно да траеме.
И си одиш.
И пак ќе се вратиш.
Секогаш се враќаш кај што ти е најубаво.
И се смееш.
Причината за твојата насмевка
лежи во твоето срце.
Чувај ме таму убаво заклучена.
Ти си на безбедно.
Те чуваат моите Ангели.
Те носам во прегратки.
И ме носиш во мисли.
Никој не може да те извади од таму.
Те чувам како капка роса на дланка.
Никој не може да ме замени.
Кога ноќта паѓа те сакам покрај мене,
за да ти посакам добро утро.
Сакаш да ме гледаш додека спијам.
Сакам да го слушам твојот поспан глас.
Танцуваат ѕвездите вечерва за нас.
Ја слушаме мелодијата на месечината.
Таа ни праќа пораки.
Тука си за мене.
Тука сум за тебе.
Остани тука.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s