„Записите за Џозефина“ (59)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Ако не те прави подобар човек
не е љубов, знаеше да рече.
Ако не заболи длабоко во душата,
не е грижа, знаеше да рече.
Ако не те наежи допирот,
не е привлекување, знаеше да рече.
Ако не ти заскока срцето како лудо,
не е возбуда, знаеше да рече.
Ако не почнеш да трепериш,
не е страст, знаеше да рече.
Ако нема разбирање,
нема ни почит, знаеше да рече.
Ако нема доверба,
џабе е сè, знаеше да рече.
Кога ноќта ќе го проголташе денот
стануваше спокојна на неопислив начин,
тогаш и доаѓаа најубавите идеи,
си се договараше со себеси
и уживаше во тишината која успокојуваше.
Подеднакво ги сакаше утрата,
но, имаше нешто поинакво во ноќите,
нешто што смируваше,
што те тераше на размислување,
што ти будеше емоции
и евоцираше спомени,
нешто со кое утрото не можеше да се пофали.
Брзањето и подготовката за престојниот ден
беа типични за утрото, па затоа како и многумина
и Џозефина не беше утрински човек,
ама лесно се прилагодуваше.
Жив човек, на сè се навикнува,
знаеше да рече.
Вљубен човек, се согласува на сè,
знаеше да рече.
Мудар човек, ќе те научи многу,
ако го слушаш внимателно,
знаеше да рече.
Стар човек е полн со мудрости,
знаеше да рече.
Искреност не барај од лажни луѓе,
знаеше да рече.
Пијан човек ќе ти каже вистина
само ако го мислел тоа и претходно,
знаеше да рече.
Таму каде што нема слога,
нема ни мир, знаеше да рече.
Таму каде што владее љубовта,
среќата царува.
Таму каде што царува среќата,
душата е исполнета.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.