black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Многу испишано, премалку кажано.
И уште илјада записи
нема да можат да ја опишат…
И со нежен поглед ти кажува:
„тука сум за тебе“,
и со насмевка ти вика:
„немаш претстава колку ме правиш среќна“
и со краток допир ти порачува:
„чувај ме како што доликува “.
И премолчува тага, ти ја заслужуваш
ако приметиш што ти преќутела.
И голта солзи, а не ги покажува,
а ти длабоко во себе знаеш
дека е повредена.
И се смее навидум без причина,
ама убаво и е покрај тебе.
И како да сака да ти каже „остани“,
секогаш кога излегуваш од вратата.
И како да не ѝ е сеедно
со кого си и каде си,
и како љубоморно те чува и
сака твоите очи да ја гледаат само неа.
И како секој ден поминат без неа
ти е безвреден,
и како бесценети да се часовите
што ги минувате заедно.
И како да ти фали дел од себе
кога не е до тебе,
и како да те гледа во секој трет
што ќе го сретне кога не си покрај неа.
И како да ја носи со себе
твојата прегратка,
а ти ја носиш во мислите
и упорно ја чуваш таму
како да се плашиш дека ќе ти избега…
И со секој изминат ден
како да ти значи уште повеќе
од претходно,
знаеш дека ти влегла под кожа
и дека не може лесно од таму да излезе.
И да, животот ти се дели на
пред и после неа, само што
после значително повеќе вреди
и ти всушност тогаш почнуваш да живееш.
Кога почна да ја сакаш,
тогаш сфати колку љубов си криел во себе,
кога одлучи да чекориш покрај неа,
стана посилен,
а кога ќе ти се насмевне,
сфаќаш дека целиот твој свет
е изгубен во нејзината насмевка.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s