„Записите за Џозефина“ (57)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Молк кој можеше многу да каже.
Беше посветена, ама сакаше посветеност назад.
Знаеше кога е време молкот да зборува,
но мудро ги користеше зборовите
во вистинско време.
Знаеше да заспие со солзи,
а да се разбуди со насмевка,
но тоа не ја правеше ниту слаба, ниту јака,
туку свесна за своите емоции
над кои сакаше да ја има контролата
и скоро секогаш успеваше во тоа.
Зборови кои не кажуваа ништо.
Сакаше делата да зборуваат повеќе
од сите можни реченици и изјави,
сакаше она што ќе го вети
и да го исполни,
а да не ѝ се ветува
ако не може нештото да се направи.
Лесно стекнуваше доверба во некого,
но уште полесно можеше да ја изгуби,
додека таа важеше за човек
на кој можеш да му се довериш.
И таква беше.
Ќе те натера да зборуваш,
како да ја знаеш цел живот,
како да се соживува во сè што ќе ѝ кажеш,
без да те осудува и критикува,
како да го преживува истото со тебе,
те слуша без да те прекине,
те остава да се доискажеш,
те гледа внимателно со топол поглед
полн со разбрање.
Долгите разговори ѝ беа омилени.
Оние кои можат да траат со часови,
оние кога губиш чувство за времето што изминало,
оние во кои темата сама се менува
и зборовите се нижат како бисери,
оние разговори кои се неповторливи,
оние кои те прават поискусен и позрел,
оние кои те носат на една сосема друга димензија,
оние кои нема да ги заборавиш лесно,
оние кои вреди да се повторат одново и одново,
оние од кои не можеш да се заситиш,
оние од кои не можеш да побегнеш
ако ја знаеш неа.
Ќе го видиш сонцето во нејзините очи,
мракот нема да ти биде повеќе мрачен
затоа што ѕвездите ќе те потсетуваат на неа,
само затоа што ја сакаш неа.
Ќе го доживееш она чувство на исполнетост,
кога во сè ќе гледаш убавина,
кога никој нема да ти е поважен од неа,
само затоа што таа ти значи живот.
Ќе ги сметаш за дом нејзините прегратки,
затоа што нема потполо место од нив,
и ќе сакаш секогаш да се вратиш таму
само затоа што таа е твојот дом!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.