train

Сонуваше како патува некаде далеку во некоја непозната и далечна дестинација. Возот одеше во непознат правец, а пред неа имаше огледало на кое не можеше да си го види лицето, ниту нејзиниот одраз. Во рацете имаше една црвена ружа, а до неа стоеше огромен празен кафеав куфер. До неа немаше никој, беше потполно сама. Се прашуваше каде ќе пристигне, каде води нејзиното патување, дали таму кадешто ќе стигне ја очекува некој? Одеднаш почна да истура силен дожд. Капките се одбиваа на прозорецот од нејзиниот вагон правејќи еден монотон звук кој таа сакаше да го слуша. Како  да ѝ ја пополнуваше празнината, како да ѝ даваше знак дека не е сама, ако ништо друго барем за момент мислите ѝ се пренасочија на тоа чудо од природата наречено дожд и ја тераа да ужива во неговиот звук немислејќи на ништо друго. Тогаш погледна во огледалото и го виде сопствениот лик, но покриен со маска, небаре се наоѓа на некој маскенбал. Не ѝ беше јасно во тоа шго го гледаше, се прашуваше од каде се наоѓа таа маска на нејзиното лице, сакаше да ја извади, но не ѝ успеваше. Во тој момент престана да врне. Погледна низ прозорецот и виде виножито. Тој совршен склоп на бои ја потсетуваше дека природата е многу богата и дека прави чуда. Огреа силно сонце, прозорците се исушија, но таа сè уште патуваше, а маската не можеше да ја извади. Одеднаш возот застана сред една голема пустелија, место кадешто немаше ништо. Не сакаше да слезе, се плашеше од самата помисла дека може тука да остане засекогаш. И кога повторно го погледна огледалото виде дека маската беше падната, таа конечно си го виде лицето кое беше целото смуртено, со загрижена гримаса и еден куп прашања. Пред да заѕвони алармот, се разбуди од сонот збунета. Почна да го анализира и сфати дека сета празнина што беше претставена во него всушност беше потполна спротивност од тоа што ѝ се случуваше. Маската падна затоа што конечно тагата која ја обземаше повеќе ја немаше, а исто така беше знак дека секој има најмалку две лица. Празниот куфер значеше дека таа нема да остане во пустелијата долго, ниту пак дека се спремала за таму… Дождот значеше дека ќе биде измиена цела болка и дека конечно ќе огрее сонце и како виножитото деновите ќе ѝ бидат обоени и живи. Кога го заклучи ова, се насмевна и беше спремна за предизвиците кои ќе ѝ ги донесе денот.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s