black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Постоеше затоа што љубеше.
Љубеше затоа што беше жива.
Беше жива секогаш кога ќе помислеше на него.
Него го чуваше како зеница во очи.
Во очите ѝ се читаше сјајот.
Сјајот да го скрие не можеше.
Не можеше да избега од себе.
Од себе не можеше да се скрие.
Да се скрие од злобните луѓе сакаше.
Сакаше да биде среќна.
Среќна беше кога беше покрај него.
Покрај него беше најубава.
Најубава беше во неговите очи.
Неговите очи криеја цели светови.
Цели светови ѝ беа неговите прегратки.
Неговите прегратки, најбезбедно место.
Најбезбедно место во негова близина.
Неговата близина причина за силно срцебиење.
Силното срцебиење му го слушаше и нему.
И нему не му беше сеедно покрај неа.
Покрај неа беше свој и истовремено нејзин.
Нејзин беше и кога не беше покрај неа.
Покрај неа беше и кога не беше до неа.
Кога не беше до неа исто како да беше.
Како да беше видливо неговото присуство.
Неговото присуство секогаш посакувано.
Секогаш посакувано го очекуваше неговиот повик.
Неговиот повик причина за радост.
Радост беше самата Џозефина.
Џозефина, радост и болка истовремено.
Истовремено негова и ничија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s