black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Кога еднаш ќе ја изгубиш
ќе ти биде непребол,
кога еднаш ќе ја повредиш
ќе се повредиш три пати повеќе,
кога ќе ја видиш насмеана
ќе сакаш ти да бидеш причина за нејзината насмевка,
кога ќе ја расплачеш
полека, но сигурно ја губиш,
кога ќе те погледне нежно
посакуваш да ја гледаш засекогаш,
кога ќе те бакне неочекувано
ти измамува насмевка на лицето,
кога ѝ покажуваш дека ти значи
само вредиш уште повеќе во нејзините очи,
кога ја третираш како дама како што заслужува
ќе те почитува дупло повеќе,
кога ја изненадуваш со ненадејна посета
само ја зацврстуваш довербата помеѓу вас,
кога сакаш да ја гледаш бушава и ненашминкана
знај дека таа е вистинската,
кога знае кога да премолчи, а кога да зборува
вреди да ја чуваш,
кога си сигурен дека во нејзините очи нема друго машко,
направи да се чувствува како единствена девојка на светов,
кога секоја песна те потсетува на неа,
пробај да напишеш песна за вашата приказна,
кога помислуваш на неа, а не е покрај тебе,
јави ѝ се и кажи ѝ дека си се јавил само да ѝ слушнеш глас,
кога прави и далечината да изгледа блиска,
за неа вредат и илјадници поминати километри,
кога сакаш да ја гледаш како си игра со деца
потајно посакуваш да имате заеднички,
кога ја чуваш како капка на дланка,
таа ќе знае тоа да го цени,
кога ја смееш и правиш среќна
стануваш нејзина дрога од која нема да сака да се излечи,
кога сакаш да се будиш покрај неа
сигурно веќе ти е влезена под кожа,
кога се грижиш за неа како за себе,
таа ќе се грижи три пати повеќе за тебе,
кога се бесценети часовите поминати со неа
ќе сакаш да си што подолго во нејзина близина,
кога не сакаш да биде осамена,
биди покрај неа,
кога сакаш да ја гледаш насмеана,
никогаш немој да бидеш причина за нејзина тага,
кога си внимателен и нежен,
таа се топи како коцка мраз,
кога ја прегрнуваш
таа се чувствува најбезбедно,
кога си до неа секогаш кога треба,
знај дека и таа ќе биде тука за тебе,
кога го почитуваш нејзиното време,
таа ќе те почитува уште повеќе,
кога ѝ докажуваш колку вреди во твоите очи,
во нејзините очи стануваш само поголем и повреден,
кога таа ти е последна мисла пред да заспиеш
сигурно ти спиеш во нејзините мисли,
кога сакаш да ја задржиш покрај себе,
не ја притискај и чувај ја како што заслужува,
нека биде слободна, а сепак твоја,
нека се почувствува посакувано и вредно,
покрај тебе ако е најубава,
покрај тебе ако е најсигурна,
покрај тебе ако е најопуштена,
покрај тебе ако е најсреќна,
покрај тебе ако е најбезбедна,
покрај тебе ако е горда,
тогаш не ја пуштај.
Џозефина беше сè ова покрај него
и никогаш во животот не беше посреќна,
сакаше само да потрае и приказната да подложи да се пишува,
за еден ден со обелена коса, да има што да раскажува!

Advertisements

One thought on “„Записите за Џозефина“ (52)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s