„Записите за Џозефина“ (57)

Молк кој можеше многу да каже. Беше посветена, ама сакаше посветеност назад. Знаеше кога е време молкот да зборува, но мудро ги користеше зборовите во вистинско време. Знаеше да заспие со солзи, а да се разбуди со насмевка, но тоа не ја правеше ниту слаба, ниту јака, туку свесна за своите емоции над кои сакаше … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (57)

Чудесен сон

Сонуваше како патува некаде далеку во некоја непозната и далечна дестинација. Возот одеше во непознат правец, а пред неа имаше огледало на кое не можеше да си го види лицето, ниту нејзиниот одраз. Во рацете имаше една црвена ружа, а до неа стоеше огромен празен кафеав куфер. До неа немаше никој, беше потполно сама. Се … Продолжи со читање Чудесен сон

„Записите за Џозефина“ (56)

Сила извираше од секое делче од нејзиното тело, појака како никогаш претходно, поодлучна како што досега никогаш не била, чекореше кон нова етапа во животот со цврсти и приземјени чекори се приближуваше кон остварување на своите соништа, а дел веќе ги живееше и не сакаше никогаш да престанат. Ведрина. Нејзино второ име. Сила избираше, ама … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (56)

„Текот на реката“

Шаренило во црно-бел свет. Сивило во обоен живот. Солза од радост и насмевка низ болка, две моќни оружја. Живот тече како река, ќе се удавиш ако не научиш да пливаш. Река тече како живот, не можеш да ја запреш, а сепак умира. Умрени се и оние што се живи, а умрените се поживи од нив. … Продолжи со читање „Текот на реката“

„Записите за Џозефина“ (55)

Постоеше затоа што љубеше. Љубеше затоа што беше жива. Беше жива секогаш кога ќе помислеше на него. Него го чуваше како зеница во очи. Во очите ѝ се читаше сјајот. Сјајот да го скрие не можеше. Не можеше да избега од себе. Од себе не можеше да се скрие. Да се скрие од злобните луѓе … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (55)

„Записите за Џозефина“ (54)

Додека во одблесокот на нејзините очи се читаше љубовта со која беше полна, во насмевката ѝ се криеше цела ризница на љубов која неизмерно ја добиваше и ја даваше. Додека душата ѝ трепереше го вдишуваше неговиот мирис а тој ѝ го слушаше забрзаниот ритам на срцето за кој беше виновен. Додека беа еден покрај друг … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (54)

„Записите за Џозефина“ (53)

Понекогаш знаеше да заспие со солзи, но, секогаш следното утро ставаше насмевка како задолжителен моден додаток без кој не можеше да се замисли. Ноќта ја правеше спокојна, кога ѕвездите танцуваа на небото месечината се раѓаше, сонцето заспиваше, додека небото ги набљудуваше мирно и тивко за да не го разбуди сонцето и нежно и внимателно за … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (53)

„Записите за Џозефина“ (52)

Кога еднаш ќе ја изгубиш ќе ти биде непребол, кога еднаш ќе ја повредиш ќе се повредиш три пати повеќе, кога ќе ја видиш насмеана ќе сакаш ти да бидеш причина за нејзината насмевка, кога ќе ја расплачеш полека, но сигурно ја губиш, кога ќе те погледне нежно посакуваш да ја гледаш засекогаш, кога ќе … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (52)

„Записите за Џозефина“ (51)

Косата ѝ мирисаше на кокос, а нејзе ѝ беше лето во душата, дишеше во ритамот на омилената музика кога одеше земјата не ја допираше, нежно играјќи си со сончевите зраци. Сонцето го обожаваше, или како што милуваше да каже, таа беше „дете на сонцето“ прашувајќи дали некој на светов му се радува повеќе од неа. … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (51)