Македонија е во жалост, издржете херои!

Ужасната сум од целава оваа ситуација што ни се случува во земјава, ужасната е мал збор со кој би ги опишала моите моментални чувства кои ме држат веќе втор ден. Прва информација со која се разбудив вчера беше дека во Куманово имало пукотници, за после тоа цел ден да слушам вонредни вести, да читам по портали и да гледам како луѓето по социјалните мрежи менуваат профилни слики во црнила за да искажат жалост и почит за оние кои страдаат и ги даваат животите за нашата ни мила земја. О, земјо кој те проколна тебе толку за да ни бидеш почва на крвопролевање и сведок на згаснати животи? Дали ние ова го заслужуваме? Замисли само како им е на оние семејства што треба да се опростат од најмилите, како им е на оние семејства чии најблиски се борат на лице место? Истрауматизирани, исплашени, во солзи и во тага се молат за животите на своите, а да не зборувам за децата кои желно ги исчекуваат татковците да се вратат дома, тој гнев и страв во очите на повозрасните деца кои разбираат каде им е таткото не може ништо да го надокнади, ќе остане како траума која ќе ги прати целиот нивен живот!
Загинатите никој не може да ги врати, ниту стотици фејсбук статуси со илјадници лајкови и објави, ниту илјадници коментари за поддршка и сочуство до семејствата, ништо не ги утешува нив, ништо! Оставете ги на раат да се испратат од најмилите, никој да не им е во кожа моментално.
Црнила, црнила, црнила и само црнила…Прогласена е дводневна жалост, само се надевам дека нема да прогласат воена состојба, затоа што отидовме, ќе ни го снема и ова парче земја, а можеби и нас.
Останете мирни, да размислуваме со ладни глави и политиката да ја оставиме настрана колку и да има вмешано прсти таа.
Немаме време за лево и десно ориентирани, па овие се криви, па оние се криви, СИТЕ ЗАЕДНО треба да бидеме сплотени и обединети, да не ја бараме вината во никого затоа што со толкав гнев ќе се уништиме самите меѓусебе пред да не уништат терористите!
Не паничете луѓе, така се обидувам себеси за да останам мирна, а верувајте тешко е после толку информации, шпекулации и неофицијални податоци никој да не остане непогоден и изолиран од моменталните случувања. Мислам дека дури и малите деца насетуваат дека нешто не е во ред, да не покажеме слабост пред нив, да им овозможиме да имаат барем тие мирно и безгрижно детство, а оваа состојба да заврши што побрзо и да биде само една темна дамка во историјата на Македонија која нема да се повтори!
Вчера си легнав со надеж дека сè е само една лага и утрото ќе биде поинаку, но не испадна така нажалост.
Посакувам сè ова да беше само еден лош сон од кој ќе се разбудам што побрзо, но реалноста е друга.
Реалноста што ја живеам денеска е многу болна, пече и остава длабоки траги!
Издржете, да бидеме мирни и прибрани, затоа што тоа ни преостанува!
Нека почиваат во мир сите херои кои животот го дадоа за нас, а останатите нека соберат доволно сила за да издржат!
Има некој кој ве чека дома, има некој кој се моли за вашиот живот, има некој кој ви е Ангел чувар, има причина за да се вратите и да живеете покрај вашите најмили, тие ви се потребни вас, колку вие што им сте потребни ним. Останете силни и борбени, за еден ден на вашите внуци да им кажувате како сте се бореле против злобата и злосторството на еден трул народ.
Издржете!

15601_847066022014848_4714145979709597135_n

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.