„Записите за Џозефина“ (50)

Постојано се предизвикуваше себеси, се натпреваруваше со најсилниот противник, споредувајќи се единствено со „старата јас“, напредуваше само кога сакаше да биде подобра, денес подобра од вчера, а утре подобра од денес. Тоа беше нејзина филозофија, љубовта ѝ беше идеологија, трагањето по среќа опсесија... Постојано се прашуваше една иста работа, растргната помеѓу сонот и јавето, со … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (50)

„Записите за Џозефина“ (49)

Срцето ѝ зборуваше песна која не можеа сите да ја разберат, усните и пееја зборови кои сите не сакаа да ги слушнат. Во нејзините вени течеше неговото име, тој беше дрога на која смртно се навлече, само тој можеше да ја излекува и да ја спаси. Кога ништо не кажуваше, нејзината тишина вриштеше, со само … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (49)

„Записите за Џозефина“ (48)

Среќата знаеше да ѝ се насмевне во вистински момент, како магнет ја привлекуваше и еуфорично ја делеше со останатите. Сонце? Таа блескаше повеќе и од него. Нејзе не ѝ требаше многу за да биде задоволна, ѝ беа потребни само оние луѓе кои ги имаше покрај неа и кои не сакаше да ги изгуби. Предизвик кој … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (48)

Македонија е во жалост, издржете херои!

Ужасната сум од целава оваа ситуација што ни се случува во земјава, ужасната е мал збор со кој би ги опишала моите моментални чувства кои ме држат веќе втор ден. Прва информација со која се разбудив вчера беше дека во Куманово имало пукотници, за после тоа цел ден да слушам вонредни вести, да читам по … Продолжи со читање Македонија е во жалост, издржете херои!

„Записите за Џозефина“ (47)

Ја слушаше музиката на сопственото срце, таа мелодија која со секое отчукување стануваше сè попријатна ѝ звучеше нестварно. Беше диригент на својот свет, умешно управуваше со секоја нота, имаше исклучително изострен слух и талент да го гледа најдоброто во секого. Убавините се насекаде, ако знаеш да ги препознаеш, често знаеше да рече, а не беше … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (47)

Приспивна

Те повикувам во мислите, секогаш пред да склопам очи го гледам твојот лик и се насмевнувам, со надеж дека јас сум твоја прва и последна мисла кога ќе склопиш и отвориш очи. Те милувам нежно во сонот, небаре на јаве не можам, и се прикрадувам во твоја прегратка држејќи те цврсто за никогаш да не … Продолжи со читање Приспивна