„Записите за Џозефина“ (46)

Го пронајде мирот. Мирот кој ѝ беше најпотребен конечно се всели во неа. Кога чекореше, како времето да запираше, со лесни чекори ја милуваше земјата крадејќи погледи од сите гладни очи, кои сакаа да гледаат убавини. Го пронајде тоа што го бараше. Нејзиното навидум диво срце сега беше скротено, небаре беше питомо маче кое престанало … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (46)

Светски ден на книгата/World Book Day

Крајбрежје на ДВА спротивни света

Навидум ист ден како и сите други, но многу значаен во книжевноста.

Сакај ја книгата, сакај го пишаниот збор!
Само тој што чита може да ја разбере љубовта кон книгите!

Секоја книга има своја приказна, свое минато, свој почеток и крај.

Да не дозволиме денешната напредна технологија да го уништи пишаниот збор или да ја намали неговата вредност.
Книгите да не се заменуваат со компјутери, затоа што магијата кога читаш со книга во рака и кога читаш од компјутерски екран не е иста! Знам дека повеќето се согласуваат со ова иако електронските книги од една страна треба да постојат, но само за оние книги кои не се достапни.

Повеќе читај, помалку зборувај!

Задлабочувањето во светот на книгата ти помага барем за неколку часа да заборавиш на себе, на сите проблеми и прашања и грижи кои те мачат. Ги сознаваш другите култури, учиш нови работи, со еден збор стануваш БОГАТ. Духовно…

View original post 298 more words

„Записите за Џозефина“ (45)

Градот спиеше, но не и таа. Се измачуваше со непотребни прашања. Се обидуваше да го следи текот на мислите или за момент да ги насочи на поведри теми, но не ѝ успеваше. Ретко ѝ се случуваше да заплаче без причина, знаеше дека мора да постои нешто што ѝ ги предизвикува овие чувства, се обиде да … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (45)

„Записите за Џозефина“ (44)

Ја сакаше ноќта. Го сакаше него. Неговиот глас сакаше да го слуша. Сакаше да го слуша додека ѝ раскажува делови од неговиот живот. Неговиот живот беше таа. Таа го сакаше безрезервно. Безрезервно ѝ веруваше. Веруваше во среќен живот. Среќен живот сакаат да имаат заедно. Заедно беа посилни. Посилни  од сè. Сè што ќе наумеше го … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (44)