black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Кога ќе помислеше на љубов
помислуваше на него,
а кога ќе помислеше на него
тивко се насмевнуваше во себе
во името на сите прекрасни моменти,
но ја проголтуваше тагата која ѝ викаше
дека тој многу ѝ недостига.
Нејзе ѝ се чинеше
дека нема поголемо проклетство
од тоа кога саканата личност не е до тебе.
Знаеше дека ќе дојдат подобри времиња,
кога ќе бидат заедно толку долго
дури што ќе си станат здодевни еден на друг,
иако тоа изгледаше невозможно и чудно
впрочем некој што ти значи
може ли некогаш да ти здодее?
Никогаш!
Знаеше дека кога еднаш се засака искрено
таа љубов тешко исчезнува,
дури и во најтешките мигови
се наоѓа разбирање и причина за останување,
кај оние кои нељубат вистински ова не го барај.
И секогаш беше заљубена,
најмногу го љубеше животот,
но и човекот кој нему му даваше смисла
беше среќна што го пронајде
и не планираше да го пушти.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s