black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Кога светлата се гаснат
кога настапува мртва тишина,
кога градот заспива,
нејзините мисли стануваа најгласна бука.
Како пијано беше нејзиниот живот
кадешто доминираа двете бои,
па еднаш се слушаше весела мелодија,
а друг пат тажаленка која ти ја расплакуваше душата.
Не можеше да побегне од себе,
таа беше тоа што беше
и тоа што требаше да биде,
дури и пак да се родеше
ќе беше истата во потполност.
Кој не знаеше да ја сфати нејзината тишина
воопшто не ја заслужуваше нејзината бука,
кој не ја познаваше доволно
можеше само да си претпоставува
и да се прашува што има во тоа толку
што ја правеше посебна?
Ја немаа таа среќа сите
да ѝ проникнат во мислите
да им се отвори во крајност
како што имаше тој.
Добро знаеше што прави
правеше така како што чувствуваше,
храбро онака како што мислеше
и доволно смело за да се изложи на ризик,
но нејзе ѝ беше важно да биде разбрана
и почитувана поради тоа што беше,
а не поради тоа што другите сакаа да биде.
Доволно среќна за да се плаши од тага
и доволно тажна за да бара среќа
се описите кои ѝ се случуваа долго време
кои се сега минато.
Сега научи дека не мора човек да се плаши
ни од преголема среќа,
ниту од преголема тага,
затоа што тоа беше составен дел
од мозаикот наречен живот
и ќе дојде ден кога среќата и тагата ќе се соединат
и она што ќе владее ќе биде хармонијата,
затоа што и во белото има малку црно,
но и во црното малку бело,
баш како клавишите на пијаното.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s