„Записите за Џозефина“ (34)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Мирот се всели во нејзината душа,
најпосле.
Беше толку спокојна, чиниш
само што излегла од рајот
непокварена од злото
кое лебдеше на сите страни.
Го сакаше тоа чувство,
заборавајќи на сите стресови,
долгите исполнети часови со љубов и музика,
„слушај го разумот“ срцето знаеше често да ѝ вика.
Сакаше поезија со рими
кратки прошетки во ладните зими,
ноќно капење во летни денови
таа беше девојката од неговите сонови.
Времето со него ѝ поминуваше за час,
„о, колку ми значиш“, сакаше да извикне на цел глас!
Беше тоа интересна приказна
која само тие двајца ќе ја паметат,
нешто на кое ниту тој,
ниту таа не сакаше да му дојде крај,
самите си создадоа еден љубовен рај.
Никој не можеше помеѓу нив да застане
посакаа љубовта никогаш да не престане.
Тажни песни свиреа на радио,
во душата на Џозефина грееше сонце,
нејзиното срце пееше само во брз ритам,
музиката на среќата омилена мелодија,
мелодија со среќен крај,
врежана засекогаш во меморијата.
Убаво било да знаеш дека некој мисли на тебе,
да можеш некому да дадеш дел од себе,
убаво било да знаеш дека си посакуван,
и само од среќа да си расплакуван.
Почеток на нешто вредно за паметење,
сон кој треба да биде остварен,
патишта кои треба да се изодат…
Никој не знаеше што може утре да донесе,
важно беше каков заклучок на крај ќе се понесе,
дал ќе пееме песна со тажен или среќен крај,
само од нас тоа зависи знај.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.