black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Слушајќи ги брановите на морето
ги впиваше зраците на сонцето
кое ѝ ја потемнуваше кожата.
Уживаше со часови да лежи во таа положба
додека звуците на природата
ѝ го исполнуваа секој миг
правејќи да не се чувствува сама.
Го замислуваше него до неа,
како нежно ја масира со млекото за тело
додека таа повеќе се топеше од неговите раце,
отколку од самото сонце.
Едно силно викање ја врати во реалноста,
сфати дека тоа се само некои деца
кои си играа во песокта,
па тогаш стана и влезе во морето.
Водата прво ѝ беше ладна,
секое делче од нејзиното тело се наежи,
па полека се навикна на температурата,
пливајќи додека не почувствува
дека не може да го дофати дното.
Погледна кон далечините
на бескрајното чисто море,
се прашуваше што има зад него,
дали постои некој како неа
што е толку осамен и од другата страна?
Секогаш размислуваше додека пливаше,
секако дека знаеше да се препушти на моментот
и да се релаксира немислејќи на ништо,
но тоа траеше кратко,
па повторно мислите ѝ течеа
кои не можеше да ги запре.
После едночасовната дружба
со морскиот свет,
излезе надвор и се завитка во крпа.
Косата ѝ беше мокра
и ѝ капеше по должината на целото тело,
па таа постојано се бришеше,
за што побрзо да се исуши,
додека го чувствуваше ладниот воздух
како и струи низ целото тело,
помешан со топлото сонце
правејќи една совршена комбинација
која се чувствува неколку секунди
после излегувањето од вода.
Џозефина го обожаваше топлиот песок
и не ѝ претставуваше проблем да оди боса,
често знаеше да ги земе сандалите во рака,
и да ужива во допирот со природата.
Сонцето полека се повлекуваше,
тоа беше знак дека уште малку
местото ќе почне да се празни,
но овој пат одлучи да седи подолго време,
кога целосно ќе биде празно,
ќе може на мир да шета низ целата плажа
и да си ги прибере мислите
без никој да ја прекинува.
Сакаше да остане на тоа место засекогаш,
затоа што тука владееше спокојот
и си го наоаѓаше мирот кој ѝ беше потребен
слушајќи ги звуците на природата.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s