black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Можеше да ти го покаже светот
само ако ѝ го поклонеше срцето,
да заспиеш во нејзините прегратки
само ако си ја заштитил со твоите.

Можеше да ти пее љубовни песни
само ако ја свиреше вашата,
да го свириш нејзиниот ритам
само за да биде твоја музика.

Можеше да ти биде приспивна песна
само ако ноќта ѝ дозволеше,
да ти пее полека, тивко
само ако помислиш на неа.

Можеше да ја викаш моја
само ако вистински ја сакаше,
да ја сакаш силно и неизмерно
само ако ја запознаеш подобро.

Можеше да ти недостасува
само ако не ја слушнеше,
да ти фали штом ќе помислиш на неа
само ако ѝ немаше чуено глас.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s