black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

И кога ѝ беше тешко, се смееше,
и кога грижите ќе тропнеа на нејзината врата
за нив секогаш беше негостопримлива
штитејќи ја својата благосостојба.
И кога ѝ доаѓаше да летне од среќа
и кога сè си беше на све место
се плашеше тоа да не трае кратко
посакувајќи да не заврши.
И кога ѝ доаѓаше сон
пред да склопи очи
секогаш помислуваше на него.
И кога ѝ се противеше на несоницата
сакаше неговото срцебиење
да биде нејзина приспивна песна.
И кога ѝ капнуваше солза радосница
беше благодарна за секој изминат ден
и среќна за секој нареден.
И кога најмалку се надеваше
животот одново и одновно
ја изненадуваше.
И кога денот се будеше
свежината во неа растеше
насмев на лицето носеше.
И кога ќе ја видиш неа
ќе сфатиш дека мислите кај неа ти беа.
Ти не сакаш некоја,
не сакаш лага,
само таа ти е драга
Џозефина не е секоја!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s