black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Доцна во ноќта кога би требало сите да спијат
една светилка остануваше запалена долго,
а тоа беше собата на Џозефина која
не можеше да заспие.
Не ја мачеше совеста,
не патеше од несоница,
а сепак сонот ја изневеруваше
и кога сакаше да склопи очи
секогаш имаше нешто недопишано
коешто сакаше да го 
напише
за да не го заборави.
Колку што ги сакаше ноќите
исто толку сакаше
кога денот ќе го започне рано
исполнувајќи ги сите обврски
без кои не можеше да се заврши денот.
Светилката светеше и оваа ноќ,
но не само во нејзината соба,
туку и во собите на оние кои вредно учеа
за престојниот испит или тест сеедно,
светеше и во собите на оние кои
не можеа да заспијат затоа што
ги мачеа љубовни болки,
а болките секогаш им ги предизвикуваа
лицата коишто ги сакаа, а ги повредија.
Светилката светеше и оваа ноќ,
не само во нејзината соба
туку и во собите на оние кои
сакаа будно да сонуваат
чија девиза беше:
„од спиење, не се исполнуваат соништа“!
Џозефина знаеше дека добар сон
му е потребен секому,
но пак реши дека ќе ја чува ноќта од будните,
дека темнината несомнено се потврдува
како нејзин најдобар пријател,
како сојузник во доцните часови,
како вечна инспирација,
како заштитник и патоказ,
како сведок на сите с
олзи
и чувар на сите тајни.
Доволно беше само да ги погледне
тие трепкави украси на небото
за да си замисли желба
и да посака да ги гледа заедно со личноста
која ќе ја прави ноќта бессона,
ама вредна за паметење!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s