Речете ѝ

If-You-Like-Her-Tell-Her_large

Речете ѝ да не си оди пред мене, затоа што не би издржал ако неа ја нема.
Речете ѝ да не пушта солзи пред мене затоа што душава ми се кине со секоја капка пролеана од нејзините очи.
Речете ѝ да ја чува насмевката само за мене, затоа што се колнам дека поубава насмевка не сум видел!
Речете ѝ дека требало да ја крстат Надежда затоа што таа е мојата надеж, причина да продолжам понатаму со желбата дека еден ден само мене ќе ми се смее.
Речете ѝ дека е крадец, затоа што секоја вечер ми го краде сонот!
Речете ѝ дека е птица грабливка затоа што ми го зеде срцево и ми краде здив исто како што птицата краде сено за да си го направи гнездото.
Речете ѝ да не престанува да биде своја затоа што таква е најубава!
Речете ѝ дека јас веќе си направив илјада планови кои сакам да ги реализираме заедно!
Речете ѝ дека може да ме фати за рака и заедно да одиме на пат околу светот, макар и пешки!
Речете ѝ дека за неа и невозможното би го направил возможно, само ако ми даде шанса.
Речете ѝ дека не ми е грижа за сите нејзини маани затоа што ја прават посебна и уникатна!
Речете ѝ дека можам да је препознам во илјада други само по нејзината сенка.
Речете ѝ дека сѐ што правам, правам за да бидам подобар човек, а ќе бидам уште подобар ако е таа до мене.
Речете ѝ дека ќе бидам нејзин ангел чувар и спасител кој секогаш ќе биде спремен да ја ислуша, само речете ѝ!
Речете ѝ го сето ова!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.