black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Утрото дојде и на нејзиниот прозор
со капки дожд како предвесник на тагата,
како дождот од солзи да не и беше доволен
па мораше да го гледа и него како паѓа.
Колку што ги сакаше и есента и зимата,
исто толку го мразеше врнежливото време,
кое ја тераше да мисли на него,
кое ѝ покажуваше колку и фали прегратка
кое ја правеше тажна и меланхолична
кое ѝ ја мокреше косата, а таа заборави да земе чадор.
Секоја есен си замислуваше по една желба,
се надеваше дека со секој паднат лист
желбата беше поблиску до остварувањето,
а кога есента ќе заврши дека желбата ќе ѝ се исполни.
Го сакаше мирисот на старите липи,
на печените костени кои ја ширеа миризбата низ улиците,
на мирисот на природата после дождот,
дури и во дождливите црви гледаше нешто убаво
иако ѝ се гадеше секогаш кога ќе го видеше,
се радуваше што природата дарила и такви животни.
Топло чајче, книга во рака и меко ќебенце
беа совршена комбинација за неа,
потсетувајќи ја дека есента е дојдена,
а таа спремна за нова желба.
Ах, таа Џозефина
која може да се смее, а одвнатре да плаче,
која може да плаче и кога е радосна,
која може да се смее и кога душата ѝ умира,
која може да направи да се чувствуваш посебно покрај неа,
која може со допир да те скрши,
а со поглед да те остави без зборови.
Ах, таа Џозефина
која може да те сака иако не те познава доволно,
која не можеш, а да не ја сакаш,
која ќе направи да мислиш на неа деноноќно,
која мисли на тебе секогаш пред да заспие,
а ти ја чуваш во срцето.
Ах, таа Џозефина
која има посебно место во твојот живот,
која се појавува секогаш неочекувано,
која знае да замине исто како што дошла,
која може да те вивне во облаците,
а може и да те спушти на земја со еден збор.
Ах, таа Џозефина,
која умее да допре до тебе многу лесно,
која не знае за „не можам“,
која прави да се чувствуваш возвишено,
која ќе те чека секогаш на исто место,
а ти си некаде многу далеку.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s