Од пештерски човек до робот
од алати и орудија до современа технологија,
од нихилизам до смислено постоење,
каде ќе води новото време?

Од војни и немири до привиден мир и слобода
од дрво и железо до огнено оружје
од магаре и коњ до вселенски брод
навистина ли сме толку напредни?

Од ќерамиди и дрвени табли до компјутери
од животинска кожа до брендирана облека
од симболи и знаци до цел јазичен систем,
дали модерното време може да биде помодерно?

Од измислени вистини до вистинити лаги
од лажни привиди до привидни вистини,
од чиста душа и детска невиност до расипаност и проклетништво,
до каде ќе води сето ова?

Од искрена скромност до огромна алчност
од љубов и копнеж до прељуба и нетрпеливост
од јасно поставени цели до претерана зашеметеност,
можеш ли да го носиш товарот на модерното време?

Од тишина и леснотија до трчање и гласна бука,
од спокој и блаженство до немир и јадови
од култура и наука до идиотизам и бесмисленост,
знаеш ли дека модерното време си ТИ?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s