Ајде да одиме каде што никој не не познава. Да трчаме додека не останеме без здив и да седнеме на земја после долга прошетка еден до друг споделувајќи импресии.
Ајде да одиме каде што не постојат правила, закони и проблеми, некаде каде што ќе бидеме сами, а со еден куп луѓе околу нас, каде што ќе бидеме опкружени со луѓе, а ќе се чувствуваме како само јас и ти да постоиме на овој свет без да ни биде грижа за сите останати.
Води ме каде што не постои времето, каде што нема да постои аларм за будење и негова замена ќе ми биде твојот бакнеж на чело за добро утро после долгата и бурна ноќ.
Води ме каде што припаѓам, а твојата прегратка е местото каде што се чувствувам најсвоја и најспокојна.
Ајде да одиме на пат околу светот со шатори, небото да ни биде граница, а ѕвездите наше светло. Да се будиме од звукот на морето со топлината на песокта која ќе ни биде кревет, сакаш нели?
Ајде да одиме некаде каде што ќе бидеме и гости и домаќини, каде што секој човек ќе ни биде роднина, а секој дел од градовите кои ќе ги освојуваме ќе ги доживуваме како свои соби, сакаш?
Ајде да патуваме заедно, некаде каде ќе бидеме потполни странци, ама ќе се чувствуваме како цел живот да припаѓаме на местото каде што ќе престојуваме.
Ќе дојдеш ли со мене?

download

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s