„Записите за Џозефина“ (7)

Речете ѝ дека е крадец! Таа безмилосна крадливка на машки погледи и крадец на срца кои патеа по неа! Ништо не допираше до неа. Односно изгледаше дека е така, а всушност ја допираше повеќе отколку што можеше да се замисли. Речете ѝ дека е учителка! Затоа што ме научи дека сѐ уште постојат реткости дека … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (7)

„Записите за Џозефина“ (6)

Мрак. Потполна тишина. Избледени чувства. Јасни сеќавања. Темни прозори, а светлост во душата. Светли ѕвезди, а црна ноќ. Само ѕвездите беа сведоци на сите ноќни разделби и спојувања помеѓу две души, само тие ја гледаа среќата и ја мразеа тагата, гледајќи ја преку воздишките на скршените срца и солзите на едно рането битие. Само ѕвездите … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (6)

„Записите за Џозефина“ (5)

Утрото дојде и на нејзиниот прозор со капки дожд како предвесник на тагата, како дождот од солзи да не и беше доволен па мораше да го гледа и него како паѓа. Колку што ги сакаше и есента и зимата, исто толку го мразеше врнежливото време, кое ја тераше да мисли на него, кое ѝ покажуваше … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (5)

„Записите за Џозефина“ (4)

Сончевите зраци се прекршуваа во нејзините очи додека со погледот ја милуваше пеперутката која ѝ беше единствен придружник. И се восхитуваше неизмерно многу, се прашуваше како тој инсект може слободно да лета и одеднаш во нечија дланка да слета. Посакуваше да биде полетна како шарената пеперутка, секаде да оди кога ќе посака и да рече … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (4)

„Записите за Џозефина“ (3)

Кога Џозефина се роди небото истураше огромни капки дожд, и тоа плачеше заедно со неа, како да сакаше да учествува во нејзиното раѓање. Ангелите се молеа за нејзината среќа, а мајка ѝ плачеше од радост, неможејќи да ги сокрие емоциите плачеа двете и небото заедно со нив. Добредојде во реалноста, добредојде и во ништожноста, но … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (3)

„Записите за Џозефина“ (2)

Утрото осамна. Таа поспана. Му се радуваше на секој зрак што продираше низ полузатемнетиот прозорец. Претходната вечер долго размислуваше. Низ главата ѝ помина речиси цел живот како на лента. Ги редеше спомените како фотографии во нејзините мисли. Можеше да го наслуша чукањето на сопственото срце, а посакуваше до неа да има уште едно и срцата … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (2)

„Записите за Џозефина“ (1)

Сомнежот присутен секоја ноќ не ѝ даваше мир, а нејзината мисла имаше огромна моќ која честопати ја оставаше будна до раните зори. Немирот како да беше вдахнат во неа па со секоја издишка ѝ стануваше потешко, но таа не се предаваше, го предизвика на двобој за конечно да си го врати својот спокој. Можеш ти … Продолжи со читање „Записите за Џозефина“ (1)

Модерно време

Од пештерски човек до робот од алати и орудија до современа технологија, од нихилизам до смислено постоење, каде ќе води новото време? Од војни и немири до привиден мир и слобода од дрво и железо до огнено оружје од магаре и коњ до вселенски брод навистина ли сме толку напредни? Од ќерамиди и дрвени табли … Продолжи со читање Модерно време

Ајде да патуваме заедно!

Ајде да одиме каде што никој не не познава. Да трчаме додека не останеме без здив и да седнеме на земја после долга прошетка еден до друг споделувајќи импресии. Ајде да одиме каде што не постојат правила, закони и проблеми, некаде каде што ќе бидеме сами, а со еден куп луѓе околу нас, каде што … Продолжи со читање Ајде да патуваме заедно!

Разбуди се!

Разбуди се, гледаш ли нешто?Пред твоите очи се промени сешто.По нешто трагаш, а не сфаќаш во нов лавиринт влагаши се губиш во својата илузија, илузија на потсвеста или само плод на твојата фантазија?До каде ќе оди твојата имагинација?Не ги слушај другите, многумина ти рекле.Им веруваш?Колку пати се претопи во сенката на твоето јас?Си им рекол … Продолжи со читање Разбуди се!

Да знаеше…

Знаеш ли дека сите кои заминале од твојот живот го направиле тоа не затоа што не те сакале доволно, туку можеби затоа што те сакале премногу и не сакале да те повредат? Знаеш ли дека многу љубови кои биле можеби оние правите завршиле уште пред да почнат баш од стравот од напуштање? Ќе си речеш … Продолжи со читање Да знаеше…

Ќе бидеш ли тука?

Ќе бидеш ли покрај мене и кога бели влакна ќе ми ја обојат косава? Кога копнежот за младоста ќе го делиме заедно разгледувајќи стари слики потсетувајќи се на миговите кога бевме среќни и незрели, кога мислевме дека единствена пречка ни е небото. Ќе бидеш ли покрај мене и кога ќе бидам стара и збрчкана? Кога … Продолжи со читање Ќе бидеш ли тука?