Мислејќи за што да пишувам овој пат во овој дел дојдов до мало двоумење. Односно ми се јави чувство како да сум ги исцрпела сите теми во претходните делови и сега како не ми преостанало ништо за пишување иако верувам дека постојат уште многу работи. Смислив неколку теми и решив да не пишувам за нив, ги оставив за некој нареден пат. Сега ќе пишувам за тоа „Што ги прави мажите толку привлечни, а што одбивни?“ и „Што ги прави жените толку привлечни, а што одбивни?“. Иако секако дека постојат одговори кои се разликуваат од човек до човек, јас нема да се трудам да ги задоволам вкусовите на сите, па така ќе пишувам според свое лично убедување и размислување. Да почнеме со првото прашање каде што на тапет се машките. Според мене, нема ништо попривлечно кај едно машко од следниве четири работи: насмевка, самодоверба, парфем и став. Без овие работи машкото не ми е комплетно машко. Секако тука можам да ја додадам и културата. Впрочем тие се оние работи кои ми го задржуваат вниманието и ми го прават едно машко привлечно. За разлика од ова, машки кои пцујат ненормално многу и насекаде, машки кои не можат да го контролираат однесувањето, кои се претерано љубоморни влегуваат во пакетот на „одбивни“, а да не смее да се заборават и машки кои плукаат на улица кои не можам да ги смислам и автоматски ми доаѓа нагон на повраќање ако сум сведок на тој настан. Исто во кошот на одбивни влегуваат и оние фалбаџиите безразлика за што ќе се фалат и оние кои мислат дека со пари и со подароци можат да го купат твоето пријателство и во краен случај твојата љубов. Овие момци, од старт се осудени на игнорирање и незаинтересираност од моја страна. Кога се работи за понежниот пол, привлечна една жена/девојка ја прават речиси истите работи од спротивниот пол вклучувајќи ја пристојноста, женственоста и плус таинственоста. Според некое непишано правило, за лицата од спротивниот пол колку помалку работи знаеме, толку ни стануваат поинтересни и попривлечнии за да влеземе во нивниот свет и да почнеме да ги одгатнуваме нивните мистерии. Одбивна една девојка ја прават: љубомората(секако ако е претерана), некултурата, дрскоста кон сите околу неа како и „цимолењето“ и постојаното жалење. Сметам дека никој околу себе не сака личност која постојано се жали почнувајќи од тоа како немало број од омилената блуза во таа и таа продавница до преговарање како не и одговара местото каде што седнале да го пијат кафето да речеме на пример или ќе ја слушнеш како се жали за некоја најбанална работа затоа што нели не и се погодено, а животот и е пет пати поубав од некои кои сонуваат да бидат на нејзино место.Можеби постојат и други работи или особини кои ги прават личностите вакви или такви, овде ги изнесов тие кои сметав дека се најважни, што не мора да значи дека на сите тие им се исто толку привлечни и исто толку одбивни.
За крај, да ви посакам убав ден и убав остаток од викендот, до следно читање.

images

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s