Дојде сабота и време е за петтиот дел од ти реков, ми рече. Седејќи и размислувајќи за што да пишувам овој пат, а да се однесува на машко-женските односи си реков дека ќе го обработам прашањето: “Зошто женските се плашат да го направат првиот чекор?“ Под прв чекор се мисли на пристапот при запознавање, пишување на фејсбук или јавување на мобилен да речеме. Постојат одредени стереотипи според кои машките се оние кои што треба да ја преземат иницијативата и први да пристапат било каде. Зошто е тоа така? Постојат исклучоци секако, има женски кои први пристапуваат доколку се заинтересирани за личноста од спротивниот пол и најчесто тие се женски кои се доволно самоуверени, свесни за своите квалитети и убавина и не чекаат да бидат „ловени“ туку тие први се впуштаат во поход. И знаете што? Ретко овие девојки да добијат „корпа“, токму поради храброста. Е сега, останатите принцези кои никогаш не ја преземаат иницијативата се оние кои се водат од тие стереотипи дека не смеат први да пристапат и да ја покажат заинтересираноста за да не бидат сметани како лесни пленови или едноставно се плашат да не бидат отфрлени или одбиени. Колку и да се јаки причините од двете страни, на запознавањето треба да се гледа пред сѐ како на шанса на ширење на кругот на познанства, на предноста од познавањето повеќе луѓе и на добра дружба. Не сите кои ви приоѓаат да се запознаат со вас сакаат одма да ве смуваат или во краен случај да ве легнат. Затоа од таа гледна точка сметам дека нема ништо лошо или неугледно ако некоја девојка прва подаде рака и рече: „Здраво јас сум таа и таа“, а после тоа муабетот природно ќе си тече ако типот знае да разговара и секако важно е да знаете на што сте двајцата, добро е да му се даде до знаење дека не го стартуваш и дека не му се „пушташ“ за да не те сфати погрешно па да направи некој чекор повеќе кој не си го планирала. Женските знаат да бидат многу добри кога е во прашање интуицијата, па одма можат да насетат кое машко би им бил добар другар, а со кого би можеле да имаат нешто повеќе, па затоа уште на самиот старт се свесни и знаат што сакаат. Кога се во прашање машките и нивните начини на започнување на разговор постојат најразлични „фори“ од типот: „Може ли да го добијам твојот број? Го изгубив својот“ или  „Какво е чувството да се биде најубава во оваа просторија?“ кои ги користат кога не знаат на каков начин да пријдат. Има некои кои што се слатки, но некои знаат страшно да иритираат или некој ќе рече или ти се допаѓаат форите или воопшто не ти се допаѓаат, а јас ќе речам нема правила. Може некоја фора да ти е слатка, а некоја да ти изгледа како тотален промашај, тука се работи за прашање на вкус. Не сите женски се палат на исти работи, не сите женски имаат исти интереси и сфаќања, не сите женски имаат исти желби и претпочитања. Различни женски, различни карактери и различни погледи. Машки, кога сте во заблуда како да започнете разговор со некоја девојка, воопшто нека не ве измачуваат небитните прашања: „дали ќе и се допаднам“ или „дали звучам премногу нападно“ ако бидете свои и спонтани. Не мислете однапред на негативните сценарија и бидете најопуштени и најпријателски настроени-сигурно ќе се допаднете, ако ништо друго вашата личност ќе и се допадне ако сте со умерена доза самоуверени!
Искористете ја ситуацијата и местото каде се наоаѓате за да започнете разговор, а тоа може да го направите речиси во секое време. Најчест денес, а и најсовремен начин на започнување разговор е интернетот особено преку фејсбук каде момците се многу силни на тастатура (истото важи и за женските). Гасете ги компјутерите и трк во поторага по нови личности кои ќе внесат свежина во вашиот живот! Не се предавајте никогаш. Победниците се оние кои никогаш не се откажуваат од борбата. Борбата може да трае цело време, а вие да излезете како вистинскиот победник. Ќе го освоите женското срце, само ако бидете добар војник. Ќе ве сакаат машките само ако бидете фер играч, впрочем никој не сака валкани игри. Започнувајте разговор и бидете свои. Сите други се зафатени. До следно читање, имајте убав викенд.
(ѕвезда)

images

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s