Нема човек кој сака да биде изневерен и да му биде скршено срцето. Сакале или не, неверествата се случуваат секојдневно и заради нив се растураат врски и бракови. Постои и опција каде двајца партнери се во брак за пред другите да изгледаат како среќно семејество, а и децата да не живеат без еден родител, но сепак еден со друг се изневеруваат иако законски се потпишале и склучиле брак. Полош завршеток на врска од неверството нема. Никогаш не би го опростила. Еве, кога би се прашале кој пол е посклон на неверство пребарав малку и најдов статии кои кажуваат дека новите истражувања покажуваат дека мажите не изневеруваат почесто, но имаат повеќе причини да го прават тоа. Како некои од причините се набројуваат: поради освета, либидо, поради прилика, поради изглед, поради исполнување на фантазијата, осаменост и други. Сепак колку и да постојат причина тие не го оправдуваат неверството, нити можат да ја вратат довербата назад која е изгубена после тој настан. Штом постои желба за неверство или штом дошло до тоа да се случи и постојат причини веројатно нешто не е во ред во врската, па затоа пред да се случи неверството треба  отворено да се разговара со партнерот/партнерката. Па, така постои опција за исполнување на фантазии со отворен разговор околу негово исполнување, чувството на осаменост да се замени со емоционална блискост на партнерите, т.е да се направи се што е во можност за да се спречи еден од партнерите да бара излез на таков начин. Многу попоштено е ако едниот сака да ја прекине врската да го каже тоа отворено, отколку да ја одржува врската полна со лаги и со изневерувања, зошто кога-тогаш чашата ќе се прелие и ќе се стави крај. Ми се чини дека раскинувањето полесно ќе се надмине ако е направено со разговор и со мирен и спогодлив крај, него ли ако е направено принудно поради тоа што нема друг излез и се појавила трета особа. Никогаш нема да ги разберам луѓето посебно девојките кои можат да бидат нечија замена знаејќи дека тој некој има друга или е во брак, а останува со него и се гледа бидувајќи искористена иако е таа која е вишок и продолжува да уништува врски. Девојки, не дозволуваје да бидете нечија играчка, замена или искористена крпа која ќе ја фрли после првото бришење. Не очајувајте ако дечкото ве изневери, очигледно не ве заслужува и нема што да барате повеќе од него. Ќе најдете некој кој ќе ве цени и ќе ужива во вашето присуство како и вие во неговото. А, момците кои биле изневерени исто и тие не се имуни и поштедени од болката која сама по себе доаѓа, но и за нив важи истото. Имате потполно право да бидете огорчени и лути на тој што ве изневерил и лицето со кое тоа е направено, но никогаш не се потценувајте самите и во никој случај немојте да се обвинувате себе си за тоа. Неверството според мене е кукавичлук, чин кој ве оцртува вас како личност. Личност во која ретко кој може да има доверба, нестабилна и несигурна.Не правете го она кое што не сакате да ви го прават! Толку околу оваа тема. До следното читање!

neverstvo

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s