Мажи VS Жени. Едни без други не можат, а едни со други да можеа ќе се испоколеа(ова зборувам во ситуации на жолчни расправии). Во суштина и мажите и жените се битија со емоции, со човечко во нив и способност за репродукција, барем овие карактеристики им се заеднички. Но, што ги прави различни? Чисто само да напоменам(не пропагирам никакво феминистичко движење) но, според некои научни истражувања(не дека така ми одговара дека сум женско) жените во просек живеат подолго од мажите. Научно е потврдено ова секако со навремено откривање на сите смртоносни болести и нивно лекување. Неоспорно е дека жените се чудесни суштества. Природата ги надарила со способност за раѓање и хранење деца од сопственото тело и тоа е една голема способност која мажите ја немаат. Мажи извинете, ама да не била жената, вие немаше да постоите. И вие сте важни, ама важноста на жената е огромна, затоа чувајте ги вашите жени како најскапоцен дар затоа што секоја жена најмалку го заслужува тоа. А, вие жени олабавете ги мажите и оставете ги да подишат на раат! И да, да се разбереме: сите жени не се “лигави“(не ми текнува друг збор, не сакам да звучи зборов како навреда, ама ми е синоним за жени кои постојано се жалат, сакаат се да биде по нивно и само приговараат за нешто). Има многу жени што се похрабри и од самите мажи и ретко покажуваат слабост, жени кои се достојни за почит. Сигурно секој од вас има сретнато или чуено за таков пример на жена која се покажала како поголем борец од повеќе мажи. И мажите плачат. Знам дека знаевте, не е ништо нови ова, ама сакам да го напоменам. Само што повеќето не ги покажуваат емоциите и не го признаваат тоа за да не си ја загрозат машкоста. Како претставник на женскиот пол морам да признаам дека жените се навистина комплицирани суштества иако некогаш знаеме да бидеме многу едноставни. За илустрација еден пример: кога некоја жена да речеме вика “добро ми е“ не го мисли тоа зошто всушност се чувствува сосема спротивно, ама не сака да признае и ти вика дека ќе биде подобро ако ја оставиш малку сама, а всушноста таа гори од желба да ти се фрли во прегратка. Ела па разбери не! Со примерот не сакам да нагласам дека не сме искрени, но некогаш и самите не можеме да се разбреме, не па да очекуваме некој друг да не разбере. Мажите во поглед на нивните чувства ми се чини се поедноставни и знаат што сакаат додека спротивниот пол е многу понеодлучен, можда грешам, а не би сакала да генерализирам зошто сигурно дека и од двата пола има такви кои се помалку одлучни и такви кои знаат што сакаат. Типичен пример: на жена нема да и биде здодевно да шета од продавница до продавница, да ги помине сите места ако треба и два пати и пак да не се одлучи, а мажот е далеку поодлучен на тој план, ако ништо друго знае што сака и го скратува времето на купување од она на жената на пола. Најмногу што ме иритира е кога некој ќе рече: “Сите мажи се исти“ или “Сите жени се исти“. Епа НЕ СЕ! Постојат сличности, но секој си е поединец посебен и секој си е приказна за себе. Ќе згрешите многу ако мислите дека сите женски да речеме на пример се палат на скапи автомобили и на платени пијачки или дека сите машки сакаат спонзоруши или секс за една ноќ.
Има многу прибрани луѓе и од двата пола, но за жал се сѐ поретки. Ако најдете примерок како овие прибраниве чувајте си го, затоа што да имаш човек кој знае да те цени пред сѐ како човек е навистина доблест и привилегија.
И како за крај, едно е сигурно: можеби ние женските иако не знаеме што сакаме, сигурно знаеме што НЕ сакаме! И една порака до двата пола: повеќе почитувајте се и сакај те се!Image

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s