Еј ти! Ти кој можеше да бидеш моето сѐ. Сакав да ти кажам дека ја сонував. Ја сонував нашата ќерка која имаше коса како мојата, а очи како твоите. Бевме среќно семејство на една ливада полна со цвеќиња. Ти ја држеше во рацете додека ветерот ѝ ја дуваше косичката, а јас ви довикував читајќи книга недалеку од вас. Ја бакна на образот велејќи ѝ дека таа и мајка ѝ се најубавите девојки кои некогаш се родиле. Една солза ми капна долж лицето. Ја спушти долу и ѝ рече да си игра и да набере цвеќиња за да може да ѝ направи венче за на коса. Дојде кај мене. Нежно ме бакна и ме праша до каде сум со книгата. Ти кажав дека сум при крај, но дека таа може да почека. Секако  поважни ми сте вие двајца ти реков, па те погалив по косата. Ти ме зеде во крило и така поминавме долго време посматрајќи ја нашата ќерка која собираше цвеќиња. И тука сонот заврши. За миг ми дозволи да се видам себе си во иднината, исполнета иднина која секој би ја посакал. Се разбудив. Бев исполнета од преубавото чувство затоа што поубав сон не сум сонувала, но истовремено и ме обзеде чувство на тага затоа што тоа ќе остане само сон. Не вели дека можеме да го направиме јаве, нашето оддамна помина со прокоцканата шанса што не ја искористивме. Зошто тогаш ми се појави на сон? Дали можеби мојата потсвест си игра чудни игри со мене и ме искушува или тоа е само плод на мојата фантазија?Не сакам да го знам одговорот. Знам дека само за момент уживав во прекрасната ситуација која ми ја сервира сонот. Еден ден ќе имаме ќерка, но не наша, не заедничка. Можеби ќе имаме и син, но и тој нема да биде заеднички. Да ја научиш ќерка ти да биде секогаш среќна и да верува во љубовта, а син ти да го научиш да биде храбар и да знае што е вистинска љубов. Вистинска љубов што ја немавме.

Image

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s