Љубомора? Чекај што беше тоа? Ахам, да! Сигурно ја имате осетено на своја кожа барем еднаш во животот. Ако е во големи количини веднаш престанете да љубоморите! Не е воопшто корисна, па дури е и деструктивна, посебно кога е пристуна во една љубовна врска. Здраво јас се викам љубомора и сум уништувач на врски! Едно не ми е јасно само кога се работи за жените во врска со љубомората. Ако бе жено, нека ја гледа, нека се врти по други ако толку не се нагледал, ама ти да го прекаруваш за секој поглед малку настрана и да правиш љубоморни испади на секое вртење е тоа не можам и не сакам да го разберам! Ако толку се плаши да погледне друга истава љубоморна женска што прави испади со само еден „опул“ можам да замислам што би сторила ако го фати дечко ѝ или недај Боже маж ѝ со некоја друга, па би имало двојно убиство на лице место. Ајде во ред, неверство не би толерирала, ама и тоа може да помине без некои сцени ако си сведок на самиот чин. Жени, не љубоморете. Машките мислат дека ако сте љубоморни не сте сигурни во себе и се плашите да не бидете оставени, баталете тие приказни ако постои љубомора постои и љубов. Но, не значи пак дека љубомората ја нема воопшто кај среќните парови, но тие вешто ја контролираат и скриваат. Верувајте, нема ништо поубаво за едно машко од сознанието дека женска му не е љубоморна и од чувството дека нема да биде контролиран и проверуван на секои пет минути. Машките сакаат слобода и тогаш кога се во врска, ама поопуштени и без притискање од другата страна повеќе ја ценат партнерката и не ја изневеруваат, веројатно кога се под притисок чувствуваат предизвик баш да го направат тоа затоа што врската им е на стаклени нозе и сакаат да шараат наоколу. Да си кажеме одма, не се сите машки такви. Од друга страна нема ништо полошо од љубоморно машко. И на ова додавам и машко кое е насилно или прави љубоморни испади и сцени пред толпа народ. Ако двајцата знаат што сакаат, ако имаат меѓусебна доверба, знаат на што се и што можат да очекуваат од другата страна сметам дека нема да има место за љубомора. Само зрелите и среќни парови размислуваат и делуваат на овој погоре опишан начин, а останатите или трпат покрај себе љубоморен партнер/ка со надеж дека нешто ќе се промени и се несреќни или ја прекинуваат врската затоа што не се градела врз доверба, туку врз љубомора при што доаѓа до кулминација и чашата се прелева. Не љубоморете! Сакајте и бидете сакани! До следно читање. Имајте убав ден што и да правите!

Image

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s