Погледни ме.

Остави зборовите да ги читам од твоите усни, неизговорени.

Остави ме да ја слушам мелодијата на твоето срце, неиспеана.

Остави ме да уживам во твојот допир, недопрена.

Слушни ме.

Не е потребно да зборуваш, погледот ти зборува повеќе и од најгласно изговорениот збор.

Го сакам тој поглед кој вели – “Прегрни ме и стопи ме како свеќа”, ех камо да имавме среќа.

Молчи.

Ја разбирам твојата тишина.

Нејзината музика е составена од најубави ноти.

Кажи ми:

дека ти требам,
дека сум единствена,
дека ме обожаваш иако сум инат,
дека ме сакаш и бушава и ненашминкана,
дека ти значи моето присуство,
дека ти недостигам,
дека ме мислиш,
На крајот, не мора ништо од ова да кажеш, само ДОЈДИ и БИДИ покрај мене.

Image

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s