Инспирарана од едно предавање на факултет денес набрзина го склопив текстот подолу кој се надевам дека ќе допре до вас, ако ништо друго сигурно ќе предизвика некаква реакција(се надевам позитивна) кај вас.

Не постои човек кој барем еднаш во животот не се запрашал “Која е смислата на моето живеење?”. Сигурна сум дека секој што ја прочитал реченицава или ја помислил се потсети на моментот кога се запрашал за истото. Што е животот? Која е мојата цел што сакам да ја постигнам? Кои работи ми значат и се вредни? Дали моето постоење е доволно за да успеам во животот? Дали фактот што сум жив ме радува или ме прави да се чувствувам уплашено од иднината која ми е непозната? Се вели дека човекот се плаши од нешто непознато, нешто неискусено и нешто ново. Се плашите ли вие од иднината и сѐ она што таа со себе го носи? Или спротивно на тоа преземате моментални активности кои ќе ви ја направат истата поубава? Кој и да е одговорот, едно е сигурно: НИШТО не треба да ве плаши. Човекот како човек. Декарт рекол дека човекот може сѐ. Аналогно на тоа, запрашајте се за кои работи сте способни во моментов, а на кои способности треба да поработите за да бидете исто толку успешни во одредени ситуации.
Која е целта на моето постоење? Секој човек би требало да има цели кон кои ќе се стреми за да ги оствари. Без цели и вредности, човековото живеење не е можно. Или да се изразам поубаво, можно е, но е безнадежно, штуро, паразитско и најчесто животот тука некаде завршува. Сигурно многупати секој од нас имал лош ден или денови кога бил потиштен и незадоволе од себе и од својот живот, но тоа не е причина да не го сакаме животот. Напротив, тешкотиите и препреките треба да не водат и мотивираат да продолжиме да се бориме и да си го правиме животот поубав.
Животот ќе биде поубав кога ќе го живееме со полна пареа. Ќе биде поубав само ако си го направиме таков. Позитивните мисли и надежта се оние кои ќе не одржуваат во живот, но и уште многу други работи би требало да не одржуваат во живот како што се волјата, љубовта кон семејството или партнерот, пријателите и сите други облици кои ја сочинуваат нашата смисла за животот.
Многупати се наоѓаме затечени од некои работи или со помислата дека “можеше да биде поинаку” или “зошто мене ова ми се случи?” или “требаше да постапам така, место вака”. Поенатата ми е дека и покрај појавувањето на овие мисли тоа значи дека навистина сме свесни за ситуацијата и сме се покајале или запрашале или претпоставиле за тоа што ни се случува. Сѐ додека мислите ги насочуваме во правилна насока добро е. Колку пати си посакал да смениш некои работи кај себе или да ги усовршиш? Постои ли некој идол во твојот живот кој ти е инспирација и поттикнувач за да бидеш успешен?. Под успешен подразбирам да ги следиш стапките на идолот или да се стремиш да бидеш уште поуспешен и од твојот идол. Која е твојата прва помисла кога ќе се разбудиш од спиење? Благодарен си што имаш шанса да свртиш нов лист, зошто нели секој ден е нов почеток или си викаш дека твојот живот е тотална утка?
Што и да си помислиш кога ќе ги отвориш очите после процесот на спиење, нека бидат тоа позитивни мисли, насоки и цели кои треба да ги оствариш во текот на денот.
Дали самата помисла дека си жив и здрав те оддржува во живот и те тера да бидеш уште пожив и попродуктивен? Која е твојата животна цел? Правиш сѐ за да стигнеш до неа или си пасивен очекувач кој чека работите да се поправат самите од себе?
– Што и да правиш, кои алтернативни мерки ќе ги употребиш во процесот на остварување на целта, кои начини и постапки ќе ги спроведеш секогаш биди СВОЈ и дај сѐ од себе, зошто можеш многу повеќе од што мислиш дека можеш и ЗАПОМНИ: ти си овде со некоја цел, твоето постоење не е залудно и треба да оставиш нешто зад себе, нешто по кое ќе те паметат, некое твое обележје својствено само за личност каква што си ти.
Секој човек е загатка, приказна сама по себе. Секој човек е таинствен и колку и да мислиме дека некого го знаеме доволно, сигурна сум дека сепак постои некој дел којшто останал неоткриен. Животот е чудесен. Испреплетен, на моменти и тежок или поголемиот дел од времето таков, со падови и издигнувања, со солзи и смеа, радост и тага, успеси и неуспеси итн. Која ќе биде твојата патека по која ќе чекориш ИЗБИРАШ ТИ. Не дозволувај ситните препреки да ти го попречат патувањето, немој ни да им дозволиш и на големите препреки да ти ги расипат плановите. Живеј најодбро и биди пред се ЧОВЕЧЕН. Никој не е како ти, никој не може да биде копија на тебе ниту ти нечија. Ниеден ден не е ист како претходниот! Дури и вчера не е она што беше денес, а утре нема да биде исто како вчера или денес. Затоа, како за крај би завршила со оваа реченица која е лично мое размислување: Биди човек кој сака, биди човек кој си сакал отсекогаш да бидеш, биди човек на кого и ти самиот би му се восхитувал!Image

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s