Беше мрак, собата во која се наоѓав ја облеа темнина. Стрелките на часовникот се споија и направија вертикална линија нагоре. Отчукувањето на часовникот, смирувачкиот звук на дождот и мојата сенка беа единственото присутно во мрачната соба. Да, пристутна бев, постоев, дишев… но мислите ми летаа насекаде, чувствата не беа ништо поразлично од атмосферата во таа мрачност. Ми се чинеше дека само таа ја чувствува мојата болка и толку прецизно ми ги опишува чувствата и само таа ме разбира. Се препуштив на емоциите, не изустив ниту збор, тишината зборуваше. Таа ги кажа сите работи, кои јас не успеав. Помина долго време, а јас очајнички седев во истата положба, а погледот ми беше насочен кон празен лист хартија и пенкало. Сакав да го земам пенкалото и да го напишам сето она што долго се криело внатре, во мене, толку многу работи да напишам, а да бидат посветени само на една личност зашто и само на таа личност и припаѓаа. Бев свесна дека тоа нема да ја ублажи мојата рана и дека секогаш ќе живее со мене, само требаше време кога ќе закрепне, а да кажам дека сум заборавила… никогаш! Погледнав низ прозорецот, нов ден, но исти чувства, црнилото исчезна, темнината од собата ја снема, но онаа во срцето сеуште беше тука, во мене, мислев никогаш и нема да ме напушти. Се надевав на подобро „утре“, мечтаев за сонце после дожд, но знаев дека ниту сонцето не може преку облаците. Дождот престана, неговиот вообичаен звук го снема, тогаш потполна тишина се всели во собата, но почна да врне друг, многу посилен, составен од емоции, а не вода. Се вратив на старото место, цврсто го стегнав пенкалото и капка по капка настана дожд. Се редеа по листот и ги надополнуваа зборовите. Го завршив писмото и го адресирав на личноста која пред само месец ми беше цел свет, а сега само еден обичен странец, странец кој пред месец си поигра со моите чувства и воопшто не мислеше на нив. Пред месец причина за живеење, а сега причина за патување, причина за нов лист во мојот живот. Дојде и тој ден. Бев емоционално поврзана со местата во градот и личностите во него. Морав да ги напуштам сите, заради една личност. Знаев дека ако останам сите места, личности и настани ќе ме потсетуваат на него, тој кој го освои моето срце, а потоа се повлече, чувствата што ги чувствувал, всушност не ги чувствувал биле лажни. Живеев во лага, во еден имагиниран свет, свет каде се беше толку розево, знаев дека е премногу среќа, премногу за да потрае. Ги спакував куферите и за десетина минути се најдов на железничката станица. Погледнав наоколу, луѓе насекаде, а всушност толку празно се чувствував, не поради болката туку затоа што сеуште ми значеше, а знаев дека тој беше причината за најголемите страдања. Се противев на срцето затоа што така ми велеше разумот, но тој сеуште беше запишан в срце. Пристигна возот, кога одеднаш некој довикна по мене. Се свртев, тоа беше тој. За среќа, не му се фрлив во прегратки иако толку потајно го посакував тоа. Застанав, ми се приближи, толку очајно и тажно ме гледаше, можев да ја почувствувам тагата и каењето во неговите очи, солзите ми ја заматија личноста пред себе. Истите чувства како и порано, се е исто, но не е време и место си велев, илјадници прашања ми се вртеа низ главата… си мислев од каде ли дознал дека заминувам? Кој ли му кажал? Се кае и си ја сфаќа грешката? Дојде за прошка? Бев на прагот да му простам, но не им се предадов на чувствата, останав доследна на својата чест и гордост. Промрморев: „Збогум“. Хипнотизиран стоеше и ме гледаше, не ми рече ниту врати се, ниту остани, само „чувај се“ и солза му го разбистри лицето, тоа беше прв пат во мојот живот да видам како некој од посилниот пол да плаче. Срцето ми се распарчи, но продолжив, не затоа што сакав, така морав, ако останев голема беше шансата да бидам повредена, а тоа беше нешто што најмалку го сакав и ми требаше. Заминав во бестрага, замина и тој, но едно нешто продолжи да живее. Љубовта, всушност таа и никогаш не згасна. Се разгоруваше како пламен секогаш кога ќе ја видев нашата заедничка фотографија во кутијата на спомените, затоа што несомнено таму и беше местото.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s