Каде е човекот?

Во овој свет пренаселен со луѓе жално е тоа што сеуште го бараме човекот. Човек во вистинска смисла на зборот. Испревртени приказни, судбини и зла – од нив никој не е имун, па не си ни ТИ што го читаш ова.
Како да бидеме денес луѓе? Зар толку е тешко денес да си човек кој си ја гледа својата работа и подалеку од својот двор не го интересира ништо повеќе? Изгубени вредности и целата смисла на човековата добрина. 
За среќа, сеуште постојат луѓе кои се одраз на правилната дефиниција за добар човек, но тие стануваат се поретки како резултат на сопствени интереси и запаѓаат во канџите на злото кои општеството ги наметнува несакајќи.

Се сметаш себе си за добар човек? Колку пати си се заблагодарил што имаш покрив над глава и доволно средства за да живееш пристоен живот? Колку пати денес рече благодарам? Добриот човек не го краси само културата која треба да му биде на високо ниво, туку уште многу други работи кои влегуваат во човековата личност. Достоинство, морал и искреност се особини според мене кои секој добар човек треба да ги поседува. Човек кој има позитивни мисли и му мисли најдобро на својот непријател, а не му посакува ништо лошо на својот непријател.

Каде е човекот? Потрагата по вистински човек е започната. Колку луѓе околу вас се вистински и уживате во нивно присуство? Доколку покрај вас имате човек во вистинска смисла на зборот немојте ни случајно да го повредите или пак да го искористите само за некоја ваша цел. Вистинскиот човек се разликува од останатите и вреди многу повеќе од сите пари на овој свет, зошто на крајот парите нема да те гушнат кога си тажен или нема да ти дадат утеха кога ти е најпотребна и во краен случај не можат да те насмеат и да предизвикаат чувства онака како вистинскиот човек што знае.

Бидете луѓе какви што сакате да имате покрај вас. Бидете човек кој секој би го посакал во свое опкружување.  Image

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.