Моменти

Срцепарателни.
Сведоштво за твојата човечка природа.
Разделни.
Причина за јакнење и продолжеток на својот пат.
Болни.
Што ти го запираат здивот.
Среќни.
Допираат до длабочините на твојата душа нежно галејќи ја.
Длабоко врежан секој важен момент останува во твоето сеќавање засекогаш.
Момент кој ќе го носиш во куферот со спомени се додека твоето срце чука.
Со борба за да го доживееш моментот кој го заслужуваш.
Со секое отчукување на твоето срце живо се сеќаваш на моментот кој ти го смени животот.
Моментите како нераскинлив дел од животот.
Скапоценост што се заслужува со животното искуство.
Парче надеж и доказ дека си жив, дека додека има моменти и ти се случуваат – живееш!
Како вечни животни сопатници минатите моменти се претвораат во сеќавања кои никогаш нема да те напуштат.
Дури и кога ќе бидеш стар и обелен ќе се сеќаваш на ТИЕ моменти.
Живеј во овој момент, овде и сега!
Искорсти ја твојата шанса и прави незаборавни МОМЕНТИ.
Моменти еден ден проследени со сеќавања.
Моменти што ќе те одржуваат во живот.
Моменти проткаени со желба повторно да се вратиш во младоста.
Моменти кои чекаат да бидат доживеани.
Моменти што треба да ги доживееш.
За да созрееш, да се наполниш со животно искуство, да пловиш низ твоето време желно посакувајќи да доживееш незаборавни моменти.
Потруди се.
Чекори по својот пат и живеј за твоите моменти!

Image

Advertisements

2 comments

  1. Многу ми се допадна текстов. Некако е поразличен од останатите твои текстови. Навистина држи вода тоа што го имаш напишано, тоа е така, само ретко кој живее за да доживее такви моменти. Продолжи да пишуваш вакви текстови, одлична си 🙂

    • Дури сега го гледам комнетаров.
      Мило ми е што ти се допаѓа.
      Се надевам дека има и уше на кои им се допаѓаат моите текстови,
      А ти, и сите друи уживајте во читањето 😀

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.