Ти треба некој кој ќе те разбере.

Ти треба некој кој ќе знае да ти измами насмевка во секој миг.

Ти треба некој кој ќе те подигне секогаш кога ќе паднеш.

Ти треба некој кој ќе те научи дека денот без тој некој не е целосен.

Ти треба некој кој ќе ти покаже дека некој може да ти треба како воздух.

Ти треба некој на кој не можеш долго да му бидеш лут.

Ти треба некој кој ќе ти го прави утрото поубаво.

Ти треба некој без чиј глас не можеш да заспиеш.

Ти треба некој кој ќе ти ги окупира мислите до одредена мера.

Ти треба некој на кој можеш да му веруваш.

Ти треба некој на кој би му кажал дека ти значи без да се почувствуваш чудно.

Ти треба некој на кој можеш да се потпреш во секое време.

Ти треба некој кој ќе те прифати онаков каков што си.

Ти треба некој за да можете заедно да сонувате.

Ти треба некој за да не бидеш сам.

Ти треба некој за заедно да бидете едно.

Ти треба некој за заедно да бидете посилни.

Ти треба некој чие присуство те исполнува.

Ти треба некој кому си му приоритет, а не резерва.

Ти треба некој за да те гушне кога ти е ладно или да те покрие со ќебе кога ќе заспиеш.

Ти треба некој кој ќе направи да се чувствуваш посебно и посакувано.

Ти треба некој кој нема да ти симнува ѕвезди.

Ти треба некој за кого ќе се бориш.

Ти треба некој за кого би дал живот.

Ти треба некој кој ќе ти подари искреност, доверба и заштита, а не скапи подароци!

Ти треба некој кој ќе те сака и во најлошото можно издание.

Ти треба некој кој ќе ти биде по мерка.

Ти треба некој со кој ќе се надополнуваш.

Ти треба некој кој ќе ти го осветлува денот.

Ти треба некој со кого заедно ќе чекорите по долги патеки.

Ти треба некој на кому му значиш.
Што друго треба да ти треба кај некој? 😉

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s