Лаги. Празни зборови и ветувања. Симнување на ѕвезди и подарување на цели светови. Повторно лаги и само лаги. Ти си виновен што не успеавме. Ти си виновен што никогаш повеќе нема да бидеме. Чувствуваш вина, а нападот е твоја вешта одбрана. Фала ти што ми ги отвори очите и ме натера да прогледам, за повеќе да не погледнам таков гад како тебе. Виновен си до болка. Никогаш нема да си простиш сам на себе знам, како што нема ни јас да ти простам. Виновен без срам. Виновен како затвореник осуден за најлошото можно злосторство. Вина, каење и себеосудување – ништо не е повеќе важно, а ти остана само со нив три, без мене. Покрај убавите спомени, копнежот и тагата ќе бидат вечни придружници кога ќе се сетиш на мене. Немаш повеќе шанси затоа што твоите ги прокоцка. Виновен, а сега си само минато, слободно остани таму.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s