Во коси да ти спијам

Ја имаш најубавата коса што некогаш сум ја видел! Создадена за моите прсти да си играат со неа и да ја мрсат додека ми седиш во крило. Можам без престан да те милувам по косата, а нејзиниот мирис кој е својствен само за неа засекогаш ќе ми остане врежан во мирисните сетила. Во коси да ти спијам, без престан да те љубам – пееше Тоше, а јас тоа сакам да го извикам на цел глас, но и тоа не е доволно за да ја искажам мојата желба колку посакувам да се будам покрај тебе. Сакам секоја вечер да го впивам твојот мирис, а секое утро да ме буди мирисот на твојата коса. Ах, ништо не може да ја пополни онаа празнина кога те нема! Те барам во секоја, секоја налик тебе ме потсетува на прекрасното женско суштество кое ми го украде сонот, но сфаќам дека никоја не може да биде ТИ затоа што ти си единствена. Да бидеш блиску до мене, да трепериш во моите прегратки додека усните страсно ни се спојуваат…Дозволи ми да ти се приближам, да го скршам твоето ледено срце и да станеме едно. Не дозволувај ништо да ни застане на патот, да чекориме заедно по долги патеки и да освојуваме нови висини, бидејќи знаеш дека  заедно ќе бидеме посилни. Нема да постои ниту една причина која ќе ме спречи во мојата намера, запамти: “само оној кој е храбар и упорен до крај – победува!”.  

http://www.youtube.com/watch?v=1KkJMmJAg5w

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.