Ми рече дека сум како драгоцен камен кој тешко може да се наjде, дека ќе ме чуваш затоа што за тебе сум највредното нешто што некогаш си го имал и никогаш нема да ме повредиш. Колку само убаво звучеа овие зборови кои се нижеа како бисери кога ги изговараше, звучеше така самоуверено и уверливо, просто човек да се почувствува возвишено и навистина посебно. Но, среќна сум што зборовите не лебдеа само во воздухот, ми покажа со дела дека тоа што си го зборувал навистина е така, а јас не можев да посакам ништо повеќе од тоа. Двајцата уживавме во магијата на љубовта, создадовме наш свет и никому не дозволивме да го урне, затоа што бевме посилни од се, а заедно двајцата останавме непобедливи. Бевме и ќе бидеме, ми шепна тивко, а јас ти се фрлив во прегратка и посакав вечно да траеме. Еден во друг го пронајдовме она што го баравме, а преминавме преку онa што ни сметаше кај двајцата. Ризикот, упорноста, жртвата и посветеноста кои ќе ги вложиш мора да вродат со плод.
Ниедна битка не е изгубена се додека не се откажеш, фала ти што беше мојот храбар витез и се бореше храбро прескокнувајќи ги сите препреки што ни се испречија на патот и успеа да ме задржиш. Ми го разубави животот, слободно можам да кажам дека ми е чест што те имам до мене, а твојата појава е онаа што ми ги разубавува деновите. И тмурниот ден знаеш да го направиш блескав и сончев, и кога сум нервозна знаеш да ме смириш без многу труд, кога сум тажна знаеш да ме насмееш, а кога ми недостигаш знаеш и твоето отсуство да го направиш пријатно баш поради помислата дека те имам покрај себе и нема да ме предадеш. Посакувам ова да трае секогаш, се надевам дека довербата која ја имаме стекнато еден во друг никогаш нема да се разниша. Кој ли може да го гарантира тоа, но покрај се што доживеавме, не сакам да си ги полнам мислите со сомнежи сега за сега бидејќи нема причина за тоа. Можам до бескрај да пишувам за нашата приказна, зошто нашата приказна нема крај, но она што сакам да го извикам на цел глас е: ОСТАНИ. Остани покрај мене и чувај ме како до сега. Не дозволувај никој да не раздели и да ни ја уништи оваа идила, како што нема да дозволам ни јас. Чувај ме до тебе, затоа што ми требаш како воздух, чувај ме кога најмалку ти требам, чувај ме за да не ме изгубиш никогаш. Она што го сакаш и го можеш, но и го знаеш најдобро – чувај ме.

http://www.youtube.com/watch?v=9o2wGcPPOlk

Advertisements

2 thoughts on “Чувај ме

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s