Звукот на тишината

Има ли некој посилен и појак звук од звукот на тишината? Може секој ли да ужива во тишината? Би рекла зависи за која тишина станува збор. Ако е онаа болна и мрачна тишина кога губиш некој, па после тоа додека да помине време тишината ти е закана, те потсетува на сите моменти поминати со личноста и те лиши од доживување на истите спомени, е само таа тишина боли, ти ја одкорнува длабоко душата и посакуваш еднаш да биде прекината. А, ако зборуваме за онаа тишина, кога си во хармонија со самиот себе, кога се ти е полно и рамно и без грижа на совест уживаш во пријатната тишина која те исполнува, тогаш зборуваме за вистинската благодет. Не знае секој да ужива сам со себе во тишина, а нема ништо поубаво кога после напорен ден ќе одвоиш време само за себе и ќе си го исчистиш умот и сите мисли кои ти го оптеретуваат, доволни ти се само 30 минути во мир и после тоа си како препороден.
Те плаши ли звукот на тишината? Осаменост, можеме ли да ја поистоветиме осаменоста со тишината? Не би рекла, некогаш тишината помеѓу двајца луѓе значи дека се познаваат претерано добро, дека можат да си ѕирнат во длабочините на нивните души без да си кажат ниту еден збор. Тишина, единствена која зборува додека ти му лежиш во крило, а тој нежно те милува по косата, зарем има поубава тишина од таа? Кога се што требало да се каже е кажано и она што останува е уживање? Најнепријатна тишина е онаа која се јавува помеѓу двајца странци или подобро да се изразам штотуку запознаени личности кога немаат што да си кажат, а има многу неискажани нешта. Тишината кога ќе се фатите како двајцата молчите, а не се познавате доволно добро е непријатна, па се обидувате по секоја цена да ја прекинете, макар и треснале некоја глупост.
Луѓето зборуваат без да кажат, слушаат без да слушнат, само заради тоа што се луѓе или има нешто многу повеќе од тоа? Има ли неискажани работи кои не сте успеале да ги кажете на оние кои ви значат? Знаете ли да слушате кога другите ви зборуваат? Уживате ли во тишината на денот или ноќта? Ако успевате сред бел ден, покрај сите товари и проблеми кои ви стојат на грбот да се успокоите во тишина, ја знаете вредноста на уживањето. Не му замерувајте на вашиот близок ако не сака да разговара баш кога вам тоа ви се прави, можеби она што му треба е само тишина, а вие треба да му ја дадете и да направите таа да биде уште попријатна. Не се плашете од тишината, повеќе би требало да се плашите од вашите мисли ако не соодвестуваат на приликата. Не се плашете од звукот на тишината, затоа што тој звук е најсилен. Којзнае само колку приказни и спомени крие таа тишина…

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.