Љубов или нешто обично?

Љубов? Не фала, ќе одберам нешто обично. Се прашувам воопшто, денеска постои ли вистинска љубов? Знаат ли луѓето да љубат вистински или сите вљубени парови глумат среќна врска? Без разлика дали звучам како некој кој нема верба во љубовта или ќе звучам патетично и разочарано или во крајна мера можеби ќе му заличам некому и како да љубоморам на сите среќни парови, ќе оставам на вас да заклучите која е крајната цел на овие редови. Сите заљубени души ќе речат дека љубовта постои и таа е насекаде околу нас, не грее и не лекува, не прави посилни, додека тие повредените што мислат дека никогаш повеќе нема да љубат остро ќе им се спротистават и ќе речат дека љубовта не постои, постојат само двајца кои глумат љубов. Која страна ќе ја заземете вие, онаа на вечно вљубените или оние разочараните кои мислат дека сите бродови им се потонати и нема надеж за нив? Што всушност е љубовта? Сите знаеме дека една универзална дефиниција нема иако се правени обиди да се дефинира, но нема една точна дефиниција затоа што секој ја доживува и опишува на свој начин иако нема драстични разлики во чувствувањето љубов кон некого, но има ралики во нејзиното изразување и покажување. Не е важно од кој пол сте, на која раса или вера и припаѓате, без разлика на вашата етничка припадност сите знаете да љубите, сите барем еднаш во животот сте биле заљубени или пак сте мислеле дека сте. Секој се прашува зошто љубовта мора толку да боли? Јас би рекла дека ќе боли само доколку е вистинска, ако не боли, значи не е љубов. Колку пати само сте посакале се да беше полесно и поедноставно или вие сами си го правите покомплицирано отколку што изгледа? Дали е доволно само да ја сакам без да го знае тоа или да и покажам, но што ако ме одбие? Дали да му кажам дека чувствувам нешто за него, но што ако испаднам очајна и тоа го искористи во негова полза? Што ако ја сакам, кога таа мене не ме ни погледнува? Ќе морам ли да се потрудам повеќе околу него/неа за да не ми го/ја зграпчи некој/а друг/а? И уште многу други прашања кои верувам повеќето си ги имаат поставувано во нивните глави кога е во прашање личност од спротивниот пол. Но, има и такви кои не се доволно емоционално зрели што не ги контролираат чувствата­, па не ни размислуваат во таа насока како во погорните прашања, туку одат на принципот се’ или ништо без да бидат водени од вистински емоции, повеќе би рекла се водени од нагони, него ли од чувства, па не размислуваат за последиците кои можат да ги сносат. Знаеш ли да љубиш со цело твое битие? Дали постои личност во твојот живот на која сакаш да и се посветиш целосно? Ако ти фали секогаш кога не е тука, ако ужасно ја мразиш тишината кога ја нема, ако го мразиш секое утро кога ја нема покрај тебе, ако посакуваш со неа да заспиваш, ако посакуваш секој ден да ја видиш, кога би можел ако би го дал животот за неа, ако посакуваш да остарете заедно, ако проклето ти фали секогаш кога ќе помислиш на неа, ако си љубоморен на секој кој и се доближува, ако сакаш да ја земиш во твоја прегратка и никогаш да не ја пуштиш таа личност, тогаш навистина си заљубен и одбираш љубов наместо нешто обично.Image

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.