Скапоцен дар кој ти го поклонуваат без да те прашаат дали сакаш да пристигнеш на овој свет.
Исполнет со патишта на кои има пречки за да се сопнеш, а треба да научиш да ги прескокаш или барем да ги заобиколиш ако сакаш да продолжиш понатаму…
Паѓаш, стануваш, се смееш, плачеш. се надеваш, чекориш, но дали е тоа доволно само за да се чувствуваш жив?
Колку повеќе изминува толку повеќе посакуваш некои работи да си ги направел поинаку, но сфаќаш нема назад, а она што следи свесен си дека можеш да го направиш да биде поинаку, чисто за да не го чувствуваш она чувство на каење “што ќе беше ако беше”. 
Исполнет со сопки кои ти ги сервираат тие околу тебе или сопки кои си ги правиш самиот, честопати се сопнуваш, некогаш и повеќепати на истата сопка, но продолжуваш понатаму зошто сега си побогат со едно искуство и нема да дозволиш да се сопнеш на другата која можеби е поголема од претходната.
Не знаеш што те чека утре, ако си упорен победуваш и стануваш нешто, ако си обратно од ова, стануваш ништо.
Трчаш маратон, те следат само оние кои вистински те ценат, оние кои не можат да бидат со тебе и во најтешкиот миг додека трчаш – не те заслужуваат.
Сакаш, добиваш, губиш, имаш желби, идеи, соништа, цели, љубиш, бакнуваш, прегрнуваш, се повредуваш, повредуваш, те боли душата, ти играат пеперутки во стомакот, чувствуваш неизвесност, напнатост, вознемиреност, стрес, некогаш и срам, возбуденост, а сетоа тоа е составен дел од него.
Кога ќе сфатиш колку брзо тече, посакуваш да бидеш брз за да можеш се да постигнеш, нели брзиот начин на живот не ти дозволува да бидеш бавен.
Силно посакуваш некој период од него да се врати, а некој воопшто и да не постоел, несомнено е дека посакуваш да ја имаш детската невиност и безгрешност, но сфаќашш дека тоа не е можно и продолжуваш понатаму да се бориш во изопачениот свет каде што сфаќаш дека не смееш да бидеш добар како дете зошто големи се шансите да бидеш повреден.
Продолжуваш понатаму, со насмев на лице или без, без разлика дали врне дожд, снег или грее сонце, тој тече, изминува, а со него растеш ти.
Шетајќи низ паркот размислуваш, со бавни или брзи чекори сеедно, ја здогледуваш клупата која ти носи спомени, гледаш баба и дедо како се држат за рака и посакуваш тоа да го доживееш кога ќе бидеш како нив, а сето тоа составен дел од него.
Можеби некогаш и некој касно сфаќа колку е вреден тој, зошто мора нечиј да згасне за да се сетиме колку е вреден и убав?
Зошто постојат такви кои се мешаат во туѓиот, а не си го гледаат својот? Можеби им е поинтересно неправејќи ништо, па уште поголема забава наоѓаат анализирајќи и живеејќи во туѓите…
Вака или онака, на овој или онај начин, си тука, си свесен дека го имаш и дека имаш шанса да го живееш само еднаш.
Искористи ја добро својата шанса, зошто тој речиси и да нема реприза.
Секој ден од него е посебен на свој начин, а ќе биде таков, само ако ти го направиш да биде таков.
Се додека ти чука срцето го имаш и си негов горд сопственик, гледај да останеш горд до крај на него за еден ден на внуците да им раскажуваш многу моменти од него.
Со секоја грешка извлекуваш поука за него, а тој секојдневно ти сервира нови проблеми само за да ти биде поинтересен, зошто и без проблеми тој не би бил комплетен.
Неговата тежина, неговата вредност и големина не можат да се измерат, а само луѓето се живи докази дека тој постои и дека го има секој од нас и сите подеднакво имаат шанса да го живеат.
Еднаш го изгубиш, не можеш да го вратиш…
Каков-таков, ваков или онаков, го живееш на овој или на оној начин, среќен си што го имаш или пак го преколнуваш, сепак тој е еден и единствен, неповторлив, скапоцен, највредното нешто што го имаш овде и сега, неговата величенственост – Животот.

Image

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s