– Умот да ти се заврти од таа вртелешка.
Животoт ни е една вртелешка, мудро заклучив.
Одејќи низ паркот, здогледав една клупа на која седнав, го извадив дневникот и почнав да пишувам:
2.2.2013 година, седам во паркот Парк во близина на Рингишпилот. Насекаде околу мене гледам луѓе, мајки и татковци коишто ги шетаат своите деца за раце, баби и дедовци со бастумите во рака шетаат фатени еден за друг посматрајќи ги раздвижените луѓе. Децата трчкаат наоколу молејќи ги родителите да ги однесат на рингишпил и да им купат од шеќерната волна. Раздвижен народ, времето не стои за нив -си помислив, добро е што луѓето знаат сè уште да се забавуваат.
За миг погледот ми застана кај една вртелешка која беше најголема и зафаќаше најголем простор од рингишпилот. Си помислив, баш како оваа вртелешка е нашиот живот.
Еднаш си горе, другиот пат си долу. Целото возење е испреплетено со емоции, возбуда, за на крај еднаш вртелешката да застане, за потоа некој друг да се качи на неа…
Искрено, не знам што толку ги привлекуваше таа вртелешка што беше најполна со луѓе, а редици чекаа да се качат. Можеби на луѓето им недостасуваше во животов возбуда, можеби им беше монотон па посакаа да почувствуваат висок адреналин и барем за момент да заборават на сите проблеми што ги имаат возејќи се на вртелешката. Како и да е, барајќи возбуда, спас од монотонијата, сакајќи во животот да внесат свежина и покачен адреналин луѓето го живеат животот барем на некаков начин.
А што е со оние, кои се живи, само колку да се рече дека се живи? Изгледа за нив вртелешката наречена живот не е толку возбудлива, се научиле да не се соочуваат со падовите, т.е одлучиле воопшто да не се возат со вртелешката за да не го почувствуваат она чувство кога вртелешката е долу, па така непревземајќи ништо, животот им тече, нивниот живот е како застаната вртелешка, празен, безволен, невреден….
Можеби еден ден касно сфаќаат дека убавината на животот го прави таков токму тоа што е како вртелешка. Да небеше таков, непредвидлив со падови и издигнувања, немаше да ни биде интересен, а ни возбудлив. Нека се вика вртелешка, тркало или воденица, подобро него ли празнина во која нема ништо.
Животот е убав, само ако ја погледнеш насекаде убавината, само ако се научиш да ја препознаеш и во најмалите работи и најмалите случувања. Убав е кога знаеш да се израдуваш и на шеќерната волна како мало дете и кога знаеш да им се восхитуваш на другите околу тебе кои го живеат животот во полн ек.
Да наздравиме во негова чест, да сме благодарни што го имаме и сме негови горди сопственици се додека “се врти”, ако еднаш застане, со него ќе застане се, а само она што останува зад нас ќе сведочи за него и за неговата убавина.
Ја напишав последната реченица, го затворив дневникот и продолжив со поглед да му се радувам.

Image

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s