Која е нашата цел и зошто блогираме цели 4 години?

Да ја промовираме и да ја доближиме македонската поезија, творештво и култура до читателите и до сите оние кои сакаат да бидат духовно збогатени без оглед на кое место на земјината топка се наоѓаат, а го говорат и/или разбираат нашиот јазик! Вие можете да допринесете во „промовирањето“ и  доближувањето доколку ја следите нашата страна и … Продолжи со читање Која е нашата цел и зошто блогираме цели 4 години?

Аура

Во местото каде стоиш се преплетуваат туѓите очи со лакомост ти го впиваат ликот чиниш си споменик неподвижен, недофатен, грандиозен. Носиш кокичиња во џебови и раце полни безгранични светови кои нудат прибежиште, даруваат нежност, мила, свилена, потребна. Во местата каде одиш се распостилаат твои траги што ненамерно ги оставаш со секое твое движење природно, грациозно, … Продолжи со читање Аура

Распишан е конкурс за доделување на наградата роман на годината за 2017 година

ФОНДАЦИЈАТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРАТА „СЛАВКО ЈАНЕВСКИ“ распишува КОНКУРС за доделување на наградата РОМАН НА ГОДИНАТА ЗА 2017 ГОДИНА Фондацијата „Славко Јаневски“ доделува единствена годишна награда „Роман на годината“, за која можат да конкурираат сите романи објавени во текот на 2017 година. Наградата „Роман на годината“ ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ на предлог на петчлено жири, составено … Продолжи со читање Распишан е конкурс за доделување на наградата роман на годината за 2017 година

Пир вознемир – Јовица Тасевски – Етернијан (видео рецитал)

https://www.youtube.com/watch?v=lQF0JWX5FkU

Нè отру чадот заедно со отровните злодела

Време на запалени камини, греалки, радијатори и сè она што служи за затоплување на просториите.  Самото тоа предизвикува зголемена работа на оџаците кои го полнат веќе загадениот воздух , а кога на тоа ќе се додадат издувните гасови што ги испуштаат фабриките, потоа превозните средства, се добива смог, густа магла, облаци што содржат штетни супстанци, … Продолжи со читање Нè отру чадот заедно со отровните злодела

Тоа ли е мојот пат – Михаил Ренџов

https://www.youtube.com/watch?v=yI5nfLwa-xA

Дениција – Петре М. Андреевски

За промена овој месец наместо роман, за книга на месец Ноември ја избравме поетската збирка „Дениција“ од Петре М. Андреевски. Ова е можеби една од најубавите поетски збирки некогаш напишани кај нас, за што сме сигурни дека љубителите на поезијата едногласно ќе се согласат. Првпат е објавена во 1968 година и истата година има добиено … Продолжи со читање Дениција – Петре М. Андреевски

Забранетиот стих – Стефан Марковски (видео рецитал)

https://www.youtube.com/watch?v=GjALHX8Pk8s

Ќе биде објавен првиот македонски роман и ќе се доделува наградата „Роман на годината“

Новата фондација за култура „Славко Јаневски“ најавува дека во средината на идната година ќе го објави заборавениот и забранет прв македонски роман „Село зад седумте јасени“. Нејзините основачи, во соработка со семејството на македонскиот писател Јаневски, ќе бараат да се поништи и лустрацијата. Покрај тоа, заедно со другите проекти на оваа нова фондација за култура … Продолжи со читање Ќе биде објавен првиот македонски роман и ќе се доделува наградата „Роман на годината“

Патот до галеријата

Чекорејќи по патот во таа ладна ноемвриска вечер се обидував да ја пронајдам галериајта што требаше да ја посетам. Местото го посетував првпат, сè ми беше непознато и едвај чекав да го проучам и разгледам целиот град. Сите случајни минувачи кои ги прашав како да стигнам до галеријата не можеа точно да ми ги објаснат … Продолжи со читање Патот до галеријата

Почеток или крај – Илија Карајанов

https://www.youtube.com/watch?v=z1S8likkc4M  

Дождови – Н.Н (видео рецитал)

https://www.youtube.com/watch?v=4oI19Rf3ZQM&feature=youtu.be Твојот мал куфер и мојот скриен свет, не се познаваат доволно, за голем свет нема место во претесен куфер. Не се прамените од свила створени за да бидат недопрени, не се световите преголеми за да не бидат споени. Дождовите ги мијат улиците, илјадници куфери се во потрага по својот дом чиниш се бездомници, талкачи, … Продолжи со читање Дождови – Н.Н (видео рецитал)

Дождови – Наталија Наумовска

Твојот мал куфер и мојот скриен свет, не се познаваат доволно, за голем свет нема место во претесен куфер. Не се прамените од свила створени за да бидат недопрени, не се световите преголеми за да не бидат споени. Дождовите ги мијат улиците, илјадници куфери се во потрага по својот дом чиниш се бездомници, талкачи, кои … Продолжи со читање Дождови – Наталија Наумовска

Постоење – Матеја Матевски

https://www.youtube.com/watch?v=8Hc5mo-1K-4&feature=youtu.be

Балада за времето – Матеја Матевски (видео рецитал)

https://www.youtube.com/watch?v=kpH-4vr-7Rg

„Малиот принц“ – Антоан де Сент-Егзипери

За месец октомври ја издвојуваме книгата „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егизпери. „Малиот принц“ е најпознатиот роман на Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943-та година. Првично била замислена како книга за деца, оваа филозофско-лирска сказна е идеална за сите возрасти (и секој возрасен треба да ја има прочитано). Со длабоки прашања за животот, ќе … Продолжи со читање „Малиот принц“ – Антоан де Сент-Егзипери

Виолетова крв – Илија Карајанов

https://youtu.be/y50UkatWKZo

No me pregunten – Pablo Neruda (рецитал)

Денес за промена наместо рецитал на македонски, следува видео презентација од Пабло Неруда која е снимена пред некое време.                                   Пријатно слушање! https://youtu.be/oBcYOXcHE44

Објаснување за мистериозното исчезнување и појавување (24)

Кога се врати назад во својата соба сфати зошто требало да се сретне со Валерија. За да не биде збунета и да биде сигурна дека навистина тој постоел, а тоа што тогаш во тој момент бил невидлив за сите останати освен за неа не можеше да се објасни за толку кратко време и затоа реши … Продолжи со читање Објаснување за мистериозното исчезнување и појавување (24)